ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

За 15 мај закажани протести против Законот за учебници, Левица со реакција за Прилеп

626

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ за утре, сабота, најавува протести во сите градови во земјава. Протестите се одржуваат против нацрт Законот за учебници и наставни материјали во основното и средното образование. Во Прилеп, протестот е закажан точно напладне в центар пред Општина Прилеп.  

„Протестите против предложениот нацрт Закон за учебници и наставни материјали во основното и средното образование, ќе се одржат на 15 мај 2021 (Сабота) во 12:00 часот, во сите градови во Македонија пред седиштата на Општините. Ќе ве замолам да ги почитувате мерките и протоколите за активности во услови на пандемија. Ќе ве замолам протестите да течат мирно, со позитивни пораки и без говор на омраза. Ќе ве замолам да ги отфрлите сите партиски, политички, верски, национални поделби и убедувања. Ќе ве замолам да излеземе сите заедно единствено и само во интерес на нашите деца и да се избориме ЗАЕДНО против ова наметнато зло.“, стои во известувањето на Фејсбук групата Учебници и настава мора да има“, стои во известувањето.

Политичката партија „Левица“ ЛО Прилеп достави реакција за случувањата во Прилеп, за како што се вели организација на средби со претседателите на класовите и зад затворени врати. Реакцијата ја пренесуваме во целост:

ДАЛИ Е НА ПОВИДОК ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ДЕЦА-УЧЕНИЦИ ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ? Директори на средни училишта од нашиот град свикале состанок со претседателите на сите одделенија, со физичко присуство и зад затворени врати. Состанокот треба да се одржи на 14.05.2021 год. на само ден пред протестот кој е организиран од страна на групата “УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА!” на родители кои се против најавените реформи во образованието.

 За дневниот ред на состанокот самите родители на малолетните деца не се информирани и се чувствуваат како да ги праќаат на гилотина имаjќи го во предвид исходот од родителската средба одржана пред само една недела каде што повеќето родители си го изнесле својот став дека се ПРОТИВ актуелните реформи во образованието.

 – “Дали директорите дали имаат такво право? Во наше време директорите свикуваа состаноци со родителите, не со малолетни деца”.

– “Очекувам состанокот да има репресивен карактер” … се само дел од изјавите на родителите упатени до нас.

 Пред само неколку дена дел од учениците се самоорганизирале и го поддржале бојкотот на настава во четвртокот пред Велигден. Имаме информација дека некои од класните раководители на трета и четврта година во едно од средните училишта во Прилеп, воедно и партиски војници на СДС, регистрирале дека незадоволството почнало од учениците од прва година и во меѓувреме барале начин со употреба на закани за намалување на поведението да ја амортизираат целата организација.

 Според учениците, мнозинство од професорите без разлика на партиската определеност се против најавените измени, но поради “наредби” од партиски избраните директори и дел од класните наставниците-членови на СДС се пробува под секаков притисок да се изврши влијание и да се протурка оваа неуставна и квази реформа.”, стои во реакцијата.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: