ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Недела 05. 04 2020, рапидно расте бројот на нови случаеви во Прилеп

2.084

Бројот на лица инфицирани со коронавирусот во општина Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени 9 нови случаи. Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход ќе се знае во наредните денови,а гледајќи го развојот на ситуацијата, можно е во следните денови да има нови заразени граѓани со коронавирусот

Од тие причини апелирам до граѓаните на општина Прилеп да ги намалат социјалните дружења. Не значи дека само полицискиот час и неодењето на работа или во кафулиња ќе го спречи ширењето на коронавирусот, туку и дружењето во домашни услови исто така ја зголемува можноста за нови заразени лица. Истовремено упатувам апел и до матичните лекари и стоматолози да бидат достапни за своите пациенти, тоа е нивна обврска, бидејќи на тој начин сомнителните случаи ќе бидат порано детектирани“, изјави градоначалникот Јованоски.

Во самоизолација се наоѓаат 134 граѓани. На Инфективното одделение се наоѓаат 3 лица, а едно лице е во изолација и се чека развојот на неговата клиничка слика.
Јованоски напомена дека зголемувањето на бројот на инфицирани лица ќе ја наметне потребата од ангажирање дополнителни медицински екипи од другите одделенија од прилепската Општа болница, кои ќе бидат ангажирани во Инфективното одделение.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: