ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчани седете дома! Нови 9 заболени

2.539

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјава. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица, објави министерот за здравство Венко Филипче.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235
Куманово -114
Дебар – 49
Штип-19
Прилеп –33
Тетово – 29
Струга – 24
Велес – 10
Битола – 6
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка- 2
Радовиш -3
Крушево – 2
Кочани – 14

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: