ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Неделата на грижа за старите лица

633

Со насмевка, топла прегратка, разговор и учество во делење на оброкот на штитениците од домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ волонтерите на прилепската организација на Црвениот крст денеска се вклучија во активностите за одбележување на Неделата на грижа за старите лица.

Според претседателот на Здружението на пензионерите од Прилеп, Kирил Ѓорѓиоски, на старите и изнемоштени лица ова здружение им помага на различен начин.

Секогаш сме до старите и изнемоштени лица, им доделуваме еднократна парична помош, се разбира, на оние на кои им е најпотребна. Потоа со вредносен чек од 1.000 денари на социјално загрозените пензионери им обезбедуваме можност да купат продукти до тој износ. На 250 лица минатата година им обезбедивме бањско-климатско лекување, финансиски им помагаме и доколку на некое лице му се случи елементарна непогода, ги поддржуваме пензионерите што пишуваат книги во нивното издавање, организираме екскурзии, културно-забавен живот, спортски настани и активности, посета на историски места, манастири. Сè ова со цел што подобра рехабилитација на овие граѓани, а наша постојана активност како здружение“, вели Ѓорѓиоски.

Панде Ристеска од секцијата на жени при Здружението на пензионерите посочи дека редовно ги посетуваат штитениците во домот за стари лица.

При посетата им носиме пити, колачиња и други домашни специјалитети, облека. Во исто време имаме изведби со песни и ора, така се обидуваме да им го разубавуваме животот на овие граѓани“, додава Ристеска.

Во наредниот период Општина Прилеп планира реализација на повеќе проекти за подобрување на квалитетот на животот на оваа категорија граѓани.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: