ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп подготвен за мото крос спектакуларната трка

На мото крос арената кај Лагово ќе се одржи 5-та по ред меѓународна мото крос трка „Storm riders“,

770

 

Мото крос арената во Лагово кај Прилеп  е подготвено за 5-тата по ред меѓународна трка насловена како „Storm riders“. Најавени  се околу 30-тина учесници од балканските земји кои ќе бидат  организирани во  4 категории : MX1, MX2, MX3 и OPEN CLASS.Утре во сабота (25.11.2017) ќе биде тренинг денот, а главната трка ќе се одржи во недела со почеток 10,30

 

Се е подготвено за 5-та по ред меѓународна мото крос трка  „Storm riders“, која што ќе се одржи во недела, во организација на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп.Најавени  се околу 30-тина учесници од балканските земји кои ќе бидат  организирани во  4 категории : MX1, MX2, MX3 и OPEN CLASS.

„Би сакал посебно да се заблагодарам на поддршката од локалната самоуправа која што е традиционална.  И, оваа година Општина Прилеп ни излезе во пресрет. Исто така, би сакал да се заблагодарам до јавните претпријатија и на нашите спонзори од бизнис секторот од Прилеп и секако на  публика која што е многубројна и без која овој настан нема да биде тоа што е. Ги повикувам сите, в недела, да дојдат тука и да ја проследат трката на која ќе има и други активности кои нека останат изненадување за посетителите“, изјави Ѓорѓи Манчески, претседател на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп.

Инаку оваа мото крос трка годинава е единствена во Македонија. Од клубот „Skyriders“ велат дека патеката е одлична, но на овој полигон недостасувал уште инфраструктурен објект, дел за кампирање, електрична енергија и некои помали пратечки објекти за кои биле уверени дека ќе бидат направени во наредниот период.Ги завршивме земјените подготовки на патеката и таа е подготвена за утрешниот тренинг и натпреварот кој ќе се одржи во недела. Очекуваме да дојдат 30-тина натпреварувачи од сите околни балкански држави Грција, Бугарија, Албанија и Србија. Очекуваме нашиот фаворит од Битола, Кристијан Илиески, како и секоја година да го задржи првото место и да не израдува сите. Оваа година трката ќе биде од ревијален карактер, не успеавме да влеземе во календарот затоа што доцна ја закажавме, меѓутоа таа е сепак меѓународна и за наредната година се подготвуваме да направиме повисок ранг на натпревар“, истакна Златко Спиркоски, секретар на клубот за екстремни спортови „Skyriders“ од Прилеп.

Клубот „Skyriders“ одржува повеќе настани од екстремните спортови.Оваа пролет планираат уште еден настан кој не го откриваат и сакаат да остане изненадување за граѓаните на Прилеп.

Прилеп веќе неколку години наназад ги развива и поддржува овие екстремни спортови како што се болдерингот, параглајдингот, планинскиот велосипедизам, downhill, паркур и други. Сето тоа придонесува градот  да веќе биде препознатлик во т.н. спортски екстремен туризам.

Инаку, во светот тој т.н. авантуристички туризам е особено развиен. Нашиот регион е многу посебен за тоа. Особено за летањето имајќи го предвид тоа како странците ја нарекуваат Пелагонија, а тоа е терминот „Magic valley“ или „Магична долина“, затоа што има прекрасни услови за летање. Физичката поставеност и димензиите кои ги има Пелагонија, заедно со планините околу неа даваат одлични услови за параглајдингот. Исто така, сите овие спортови кои претходно ги споменав постои можност многу да се развиваат и мислам дека ќе продолжи развојот на проектот Прилеп град на екстремни спортови. Нема град на Балканот кој негува толку многу екстремни спортови како Прилеп“, додава ЃорѓиМанчески.

Од клубот „Skyriders“ велат дека во иднина сакаат оваа мото крос патека да се осветли и таа да се користи и за ноќни натпревари како и за рекреативно возење.

Утре во сабота (25.11.2017) ќе биде тренинг денот, а главната трка ќе се одржи во недела со почеток 10,30

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе