ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Неуморните преселници

904

Штрковите си ја знаат својата работа во пролет, но убавото време уште повеќе ги поттикна да ги уредат своите гнезда. Вредно и неуморно тие се грижат за своите „домови“во кои престојуваат и по неколку години од пролет до есен. Инаку, штрковите се неми, не испуштаат гласови, а комуницираат со штракање на клунот. Тие се хранат со жаби, риби, инсекти, црви, мали птици и мали цицачи. Интересно е што имаат крупно тело, а крилјата им достигнуваат распон и до 3,2 метра. Затоа при летањето штрковите ги користат воздушните струења.
Што се однесува до нивните гнезда, како и птиците, така и домовите им се многу големи и може да ги користат повеќе години. Гнездото може да биде и до 2 метра во дијаметар и околу 3 метра длабоко.

Инаку, во 2015 година Македонското еколошко друштво на целата територија на Македонија спроведе попис на гнезда и штркови, при што биле евидентирани 817 гнезда со околу 3 илјади 600 млади и возрасни птици. Претходно, ваков попис бил направен 1958 година. Штрковите доаѓаат во нашите краишта во рана пролет, а заминуваат во топлите предели средината на август.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: