ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ни денар од Министерството за култура за „Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Оваа година слави јубилеј 45 години од постоењето

739

И ,покрај тоа што оваа година е јубилејна, 45 -ет год. од постоењето, на еден од најстарите и единствен фестивал во Македонија од ваков тип, кој го негува македонскиот изворен мелос,  „Фестивалот на народни инструменти и песни Пеце Атанасоски“ –  Долнени, не се најде во годинешната програма на Министерството за култура за финасирање на  проекти од национален интерес во културата за 2019 од година.

Во категоријата „Манифестации и фестивали од фолклорна дејност за 2019“ стои кој се фестивали од оваа категорија се финасирани од Министерството за култура, но него оваа година го нема:

Секретарот на Фестивалот и човекот кој со децении е во организацијата на овој фестивалот на својата facebook профил  напиша:

    Zlatko Lashkoski „Во годината кога фестивалот слави 45 ГОДИНИ од постоењето и ние како и многу други ВИСТИНСКИ манифестации бевме игнорирани од Министерството за култура и не добивме ниту еден денар:За потсетување овој фестивал е од национален карактер и е единствен од таков вид во Македонија. Се надевам дека со најавената ревизија на апликациите за доделените буџетски средства и овој реномиран фестивал ќе ги добија побараните финансиски средства.„ 

 Во разговор,пак, со нашта редакција, Лашкоски истакна дека доколку фестивалот не добие средства за негова реализација од страна на Министерството,„ оваа година  „Фестивалот на народни инструментии песни „Пеце Атанасоски“ ќе го организираме пред Министерството за култура, за тие да го видат значењето на овој фестивал“ – истана Златко Лашкоски за нашата редакција!

Од министерство за култура, на нината web страна, стои како дошло до одлуката за додлување на срествата за проектите :

„При одлучувањето за проектите се водеше сметка за соодветно проектирање на приоритетите на Министерството за култура, во насока на поддршка на проекти и активности кои го стимулираат креативниот и уметничкиот потенцијал на сите граѓани на Република Македонија, независно од нивната етничка, верска, идеолошка, политичка, социјална, родова и старосна припадност. На објавените Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година пристигнаа 5.560 пријави, а комисиите предложија поддршка за 2.781 проект.

Поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негува и поттикнува културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Значајна поддршка е дадена и на проектите преку кои се промовираат еднакви можности за сите (мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи итн.).

Во Годишната програма за 2019 година се рефлектирани и приоритетите на Министерството за култура за соодветна заштита и промоција на културното наследство во согласност со современите европски практики, зајакнување на независниот културен сектор како важен социокултурен чинител, промоција и пласман на културата на Република Македонија во меѓународни рамки, како и реализација на капитални проекти и инвестициски вложувања во Скопје и градовите низ државата.“-стои во дописот нод Годишна програма на Министерството за култура и резултати од годишнитe конкурси за проекти од национален интерес во културата за 2019 година.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: