ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поверениците се повлекуваат, прекинува откупот на тутунот (ФОТО – ГАЛЕРИЈА)

679

Продолжуваат турбуленциите во Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители кои што ќе резултираат со прекин на откупот на тутунот – утре, 13 февруари. Причина – се повлекуваат поверениците како легитимни застапници на тутунопроизводителите, што според Законот за тутун е услов за реализација на откупот.

За што се работи, и како најстарата и најорганизираната земјоделска организација во Македонија се доведе во ваква состојба?
По неколку неуспешни обиди и иницијативи од тутунските здруженија во земјава за смена на првиот човек на Сојузот – Киро Неделкоски, поради наводни обвнинувања за финансиски злоупотреби на позицијата, на 6 ти февруари од Централниот регистар повторно, до тутунските здруженија стигнува допис дека оваа институција не го прифаќа Ванчо Коцев од Неготино, за новоизбран претседател на Сојузот на здруженијата на тутунопроизводителите. Одлуката за избор на Коцев, била донесена на 10 декември лани, на вонредно собрание на тутунските здруженија. Но, таа не може да биде спроведена во Централниот регистар на Република Македонија како и претходните неколку. Имено, Централниот регистар овој пат ги отфрлил одлуките на вонредното собрание оти наводно: „нема доказ за утврдување на фактот – дали иницијаторите имале легитимитет, поточно дали вонредното Собрание било свикано од една третина на членовите“?!
Викендов претставници на здруженијата на тутунопроизводители одржале средба во Велес. Одлуката за прекин не доаѓа како резултат на револт, туку едноставно, како што велат од Сојузот на тутунски здруженија под чија капа работат сите здруженија во земјава, со неприфаќањето на промената во Централниот регистар на новиот претседател Коцев, на местото на Неделковски, Сојузот го губи легитимитетот, а тоа е да ги застапува тутунопроизводителите при откупот на тутунот.
Претставниците од тутунските здруженија велат дека смената на првиот човек е иницирана поради сомнежи за финансиски злоупотреби, за што веќе била поднесена пријава на 26 септември лани, во Основното Јавно Обвинителство во Скопје, каде што е седиштето на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.
За работа на здруженијата се задржуваат 0,3 отсто од секој килограм предаден тутун, средства строго наменети за исплата на повереници и менаџирање на тутунските здруженија.
На 20 декември лани, претставници од 4 те најбројни тутунски здруженија од Пелагонија одржаа средба со новинарите на која ги обелоденија наводните финансиски злоупотреби, но проблемите со смената на првиот човек на Сојузот.

Што се случува во Сојузот на тутунарите?


Законскиот рок за крај на тутунскиот откуп е 15 март годинава. Земјоделците уште предаваат тутун, особено во Пелагонија, каде поради временските прилики, се одолговлечи домашната манипулација. Како ќе се разреши состојбата пред крајот на откупот, останува да покаже каков ќе биде резултатот од иницираните средби со владините претставници, зашто тутунопроизводителите во писмена форма побарале прием во Владата, средби со премиерот Зоран Заев и надлежниот министер за земјоделие Љупчо Николовски.
Во продолжение прилог галерија од фото – документи

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: