ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Никогаш не се пронајдени посмртните останки на хероите Борка Талески и Лазо Филиповски – Лавски – Oдбалежана 76 годишнината од нивната смрт

749

Денека се одбалежаа 76 години од народните хероки Борка Талески и Лазо Филиповски – Лавски. Во чест на одбележувањето и потсетувањето на нивната херојска смрт, преставници од градска библиотека, која го носи името на херојот, Борка Талески, преставници од Општата болница „Борка Талески, од локалнат власт, од Сојузот на боречката организација -Прилеп , ги посетија споен обележјата на хероите и положија свежо цвеќе

„Во чест на патрониот празник на библиотеката „Борка Талески“, положивме свежо цвеќе на спомен обележјата на хероите Борка Талески и Лазо Филипоски-Лавски.
Положивме цвеќе на споменикот на Лазо Филипоски – Лавски кој се наоѓа во дворот на подрачното училиште на ООУ „Добре Јованоски“, ја посетивме месноста Чашка, каде 1942 година се  загинати народните херои Борка Талески и Лазо Филипоски – Лавски, кои биле предаден и убиени од фашистичкиот окупатор и положивме цвеќе на споменикот во нивна чест .
Но, куриозитет за овој настан е што сеуште нивните посрмтни останки  не се најдени. И, по долги истражувања на познати историчари, како и на членовите на нивните семејства, посмртните останки на овие двајца народни херои не се пронајдени, ниту се лоцирани“.-истакна директорот на градската библиотека „Борка Талески„ ,Петар Петрески на денешниот патрон празник

Свежо  цвеќе делегациите положија и на споменикот кај Чашка, каде се загинати двајцата херои ,  а свежо цвеќе беше положено и пред спомен бистата на Борка Талески, на Паркот на Револуцијата.Својот патрон празник  го одбележува и Општата болница –Приел  која го носи името  на народниот херој Борка Талески.

Инаку , Борка Талески бил студент на медицина, но поради револуционерни идеи ги напуштил студиите и се вклучил во револуционерната борба.Уште од Белград, како студент, а подоцна и во Прилеп, бил дел од партиската организација. Лазо Филипоски – Лавски е од кавадаречко Мрзинско. Но, двајца народни херои, кои ги дадоа своите млади животи за слободата, против фашистичкиот окупатор, заедно загинуваат 1942 г. Тие се убиени во подножјето на Чашка каде е подигнат споменик како знак за вечно сеќавање на хероите кои ги дале своите животи за слобода на Македонија.

 

Борка Талески
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: