ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николоска: Британскиот сој на вирусот е 100% доминантен во Прилеп

1.423

Процентуално од 20 до 25 % е зголемен бројот на новозаболени последнава недела, во споредба со претходната. Британскиот сој на вирусот Ковид 19 е веќе доминантен 100% во општина Прилеп, и здравствените власти очекуваат во наредниот период зголемување на бројките затоа што специфичниот сој е многу позаразен. Ова е една од причините поради која Центарот за јавно здравје Прилеп ги прилагодува капацитетите на новонастанатата состојба.

– Во рамките на Центарот за јавно здравје Прилеп комплетно е реорганизиран просторот во микробиолошката лабораторија и комплетно е опремена молекуларната лабораторија со опрема и кадар која што би започнала со тестирање на Ковид позитивни пациенти, суспектни на Ковид во рамките на нашиот центар , во крајна фаза е завршување на тендерската постапка на реагиенси со што би ја информирале јавноста кога би започнале со тестирање. Со тестирањето во Прилеп ќе се забрзаат информирациите до граѓаните затоа што ќе можат резултатите да ги добијат во текот на 24 часа, а ќе се прават и за граѓаните кои патуваат во странство, посочи Николоска

Во моментот се прават од 100 до 130 тестови во Центарот за јавно здравје, како и брзи антигенски тестови во Здравствениот дом и на Инфективното одделение во општата болница Прилеп.

– Кога состојбата се смири  процентот на новозаболени изнесуваше околу 20 до 25% од вкупниот број на тестови. За жал последните неколку недели 60 % од тестираните се позитивни, посочи Николоска.

 Вкупната бројката на активни случаи е 804 денеска изнесува.Од почетокот на пандемијата во општина Прилеп се регистрирани вкупно изнесува 6 122 позитивни случаи, а бројот на починати од почетокот на пандемијата е 284.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: