ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Состојбата во Прилеп алармантна и крајно загрижувачка

1.924

Заострување на мерките за заштита од Ковид-19 кои ќе се однесуваат на целата територија на општината, побара денеска Општинскиот кризен штаб на Прилеп од Главниот кризен штаб, од Владата и Комисијата за заразни болести. Полицискиот час, којшто сега започнува во 22.00 часот и трае до 05.00 часот, да започнува во 19.00 и да трае до 05.00 часот наутро.

– Во моментов во Општата болница се хоспитализирани 89 лица од кои 77 се со кислородна поддршка. Дополнително во дневната болница се лекуваат 92 пациенти. Да нагласам дека само во последните 24 за преглед во Инфективното одделение се јавиле 105 пациенти, а за жал во последните 24 часа имаме и 5 починати пациенти. Заради сето ова, ситуацијата во градот е повеќе од алармантна и крајно сериозна. Од тие причини Општинскиот кризен штаб побарува заострување на мерките во наредните 2 до 3 недели кога се очекува овој трет бран на пандемија да стогне пик, посочи градоначалникот Илија Јованоски.

На локално ниво ќе се редуцира јавниот превоз , почнувајќи од утре, среда, при што автобусите ќе сообраќаат до 18 часот и ќе бидат со намален број. На влезовите од Градскиот пазар ќе бидат поставени Ковид штандови, каде на секој граѓанин ќе му бидат дезинфицирани рацете и доколку не носи маска, нема да биде пуштен во пазарот. Со асистенција на волонтери и полицијата ќе бидат засилени контролите за да се спречат групирањата во пазарот. Полицијата и Инспекцијата ќе бидат во засилени контроли во угостителските објекти.

Како Општински кризен штаб нема да се бара карантин на локално ниво. Идејата со рестрикција на социјалните контакти преку зголемување на полицискиот час е да се намали притисокот на здравствените установи.

Во моментов Општата болница Борка Талески располага со 28 слободни легла во сите Ковид одделенија. Расположливиот кадар е максимално ставен во функција на пацентите, но и граѓаните треба да помогнат вели Кети Смилеска директор на прилепската Болница.

Персоналот работи на работи од своите сили, апелирам граѓаните да бидат поодговорни и да ги почитуваат мерките. Во тек е реорганизација на Болницата, покрај постоечките Ковид центри кои што во моментов се активни: Инфективното одделение, Интерното, Уво нос и грло и Гинекологија, во тек е постапката да го отвориме и Очното одделение како Ковид центар. Овие денови го спремаме и Модуларното одделение, односно болница. Доводот за електрична енергија ќе се спроведи во четврток во претпладневните часови. Доводот на кислород планираме да го реализираме викедов. Се надевам дека од понеделник Болницата ќе биде комплетно опремена за да може да ги прими новите пациенти, кои што би побарале прием во болницата. Во Модуларната болница има 35 легла, изјави Смилеска.

Реорганизацијата на медицинскиот кадар се прилагодува на потребите на Ковид центрите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе