ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ново возило и опрема за ТППЕ Прилеп, интензитетот на пожари се зголемува

582

Новото противпожарно возило и опремата за 10 пожарникари денеска пристигна во Територијалната противпожарна единица во Прилеп. Со ова колку-толку ќе се ублажи недостигот од возила во прилепската противпожарна единица, зашто работат со стари и дотраени, од кои едно е од далечната 1976 година. Недостигаат и пожарникари.

– Ние како пожарникари упатуваме голема благодарност за донираната опрема, особено за новото возило со кое ќе се постигне поголема ефикасност во работата. Се надевам дека и понатаму ќе се продолжи со други донации, со цел да се даде акцент за важноста на работата на пожарникарите“, порача командирот на ТППЕ-Прилеп, Виктор Стојчески.

Возилото чини околу 5.000.000 денари, од кои 3.150.000 денари обезбеди Општина Прилеп, а останатите Пелагонискиот плански регион.ТППЕ Прилеп располага со 7 противпожарни возила, чија просечна старост е преку 20 години.

 

„Во најава имаме донација на две половни противпожарни возила од страна на прилепската компанија Витаминка кои ќе бидат набавени во текот на месец септември. Сакам да му се заблагодарам на директорот на Пелагонискиот плански регион, за помошта во набавката на ова противпожарно возило“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Се прават напори да се задоволат потребите на службата која покрива најголема територија во земјата со општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани. рече дека се следат барањата на градоначалниците на општините од регионот и во координација со нив, се бараат начини за решавање на проблемите.

– Преку проектот „Јакнење на капацитетите на ТППЕ во Битола, Прилеп и Ресен“од Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа, преку Бирото за регионален развој, се донираа дел од средствата за набавка на противпожарното возило за Прилеп и 10 интервентни одела, додека за другите општини се набавија 16 апарати за дишење со компримиран воздух и 55 одела за отворен пожар, рече директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Гого Видимче.
Според командирот на ТППЕ Прилеп летово според бројот на пожари не бил голем интензитот, но последниве 2 седмици со 25 пожари на отворено, динамиката се зголемува како во раната пролет.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: