ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Новогодишна посета на прилепскиот градоначалник на дежурните служби

594

На стартот од новата 2018 та година, традиционално прилепскиот градоначалник направи обиколка и посета на дежурните служби: Територијалната противпожарна единица  , полициската станица и службата за Итна медицинска помош. Со честитки и желби за добро здравје и успешна работа, градоначалникот Илија Јованоски при тоа се интересираше за функционирањето на службите, но и за проблемите со кои се соочуваат. Ургентно решавање бара проблемот со недостиг на возила во ТППЕ.

„Возилата што ги имаме, се стари повеќе од 30 години. Имаме сериозни проблеми кога треба да интервенираме на тешко пристапни планински предели“, потенцираше командирот на противпожарната единица, Станко Колески, кој информираше за лошата состојба на возниот парк, застарените возила и, пред сѐ, недостигот од теренски возила.

Локалната самоуправа ќе направи максимални напори да овозможи подобри услови за работа на прилепските пожарникари, вети градоначалникот Јованоски, кој информираше дека наскоро Oпштината за потребите на ТППЕ ќе обезбеди ново противпожарно возило, како и возило потребно за извршување на сложените задачи на терен.

Во Полициската станица од општа надлежност дежурните полицајци истакнаа дека ноќта поминала мирно, без нарушувања на мирот и безбедноста на граѓаните, а мирна ноќ без многу интервенции имале и дежурните екипи од службата за Итна медицинска помош.

На сите дежурни екипи во новогодишната ноќ, градоначалникот Илија Јованоски им предаде скромни подароци.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе