ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Обилниот дожд ги предизвика првите проблеми

735

Нема излевање на каналот Блато ниту на останатите водотеци кои се влеваат во Црна река, иако денеска водостојот е на горната граница пред прелевање. Меѓутоа, обилниот дожд предизвика поплавување на најнискиот дел од Општина Кривогаштани меѓу двата моста на Сенокошка река и Блато. Препознатливи слики кои потсетуваат на поплавите од пред 2 години кога цела Пелагонија беше едно големо езеро.

На регионалниот пат Прилеп – Крушево, во близина на селото Врбјани, Општина Кривогаштани, обилните врнежи од дожд денеска предизвикаа заезерување на земјиштето од двете страни на регионалниот пат.

Обилниот дожд и лизгавиот пат синоќа бил причина за излетување на миксер за бетон од регионалниот пат Прилеп – Крушево, што пак предизвика краток застој во сообраќајот во двете насоки. Поради ваквите и слични неприлики, надлежните од АМСМ препорачуваат внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Според Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија врнежите и топењето на снегот предизвикаа брз истек на водите во водотеците и суводолиците и со тоа се зголемени водостоите на сите водотеци во земјава. Во изминативе 24 часа во регионот на Пелагонија најмногу дожд наврна во Битола 48 л/м2, Тополчани 46 л/м2, Крушево 43 л/м2 и Прилеп 33 л/м2. Во текот на ноќта врнежите повторно ќе се интензивираат, а за утре се најавува стабилизирање на временската состојба и локализирани врнежи, во најголем дел во Источна Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: