ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Објавен јавниот повик од ИПАРД 2 мерка 7 за фирми, занаетчии и фармери

542

Објавен е последниот јавен повик од програмата ИПАРД 2 мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на бизниси. Од денеска па се до 22 август претпријатијата, занаетчиите, фармерите и сите претприемачите од руралните области ќе можат да аплицираат на овој јавен повик. Заинтересираните можат да ги проверат условите: ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2021 за доставување на барања за користење на средства по мерка 7 “ Диверзификација на
фарми и развој на бизниси” од ИПАРД Програмата 2014-2020

Вкупната финансиска поддршка во рамки на овој јавен повик изнесува 9,6 милиони евра со можност во текот на повикот износот да се зголеми. Средства се обезбедени со поддршка од 75 посто од ЕУ фондовите и 25 посто национално кофинансирање, а вкупно прифатливи трошоци на инвестицијата нема да надминуваат повеќе од 65 проценти.

Приоритетни сектори кои се поддржани од оваа мерка се инвестициите во алтернативно земјоделско производство, инвестиции во производство на прехранбени и непрехранбени производи, инвестиции во занаетчиски дејнсоти, инвестиции во услуги на рурално население и во руралниот туризам.

Како корисници на мерката 7 се прифатливи физичките и правните лица кои спаѓаат во рангот на микро и мали претпријатија, а повратот на инвестициите е во висина од 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци. 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: