ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево организира планинска трка од 6 до 8 август

562

Маратонска трки во трчање преку планинските предели и најатрактивните локалитети од градот, организра Крушево на почетокот од август. Трката е во рамките на настанот „Krushevo Trail Chalenge“ ,а во неа се планирани да земат учество и тркачи од други земји , при што трката ќе добие и меѓународна димензија . Настанот се организира со помош на ориентациониот клуб „Златоврв“ Прилеп и ќе ја збогати летната активна понуда за туризам во Крушево.

„Настанот „Krushevo Trail Challenge“ ќе се одржи во рамки на „When in Krusevo“, односно од 6-ти до 8-ми август и како и сите други настани ние излегуваме со поддршка за истиот. Ова лето се збогатува со содржини и полека но сигурно се враќа на старите богати туристички понуди. Дополнителни содржини подготвуваме и во рамки на „Десет дена Крушевска Република“ . така што август ќе биде еден исполнет период со настани.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе