ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од 97 институции, општина Прилеп е на 56 место по транспарентност

740

Активната транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2021 година изнесува 63 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата на транспарентност, спаѓа во ’добра‘ активна транспарентност. Интересен податок е што, со исклучок на едно министерство, општините ги заземаат сите места во групите со „просечна“, „слаба“ и „многу слаба“ активна транспарентност. Од 97 институции посавени на листата , општина Прилеп се најде на 56 место според индескот на ативна траснпаретност 2021 , истражување на Центарот за граѓански комуникации . Кршево е на 45-та позиција , додека општина Кривогаштани се најде на 78 место по трааснпаретноси, дури и под Опшина Долнени која е на 66 позиција.

Некогаш лидер меѓу регионите, а во последните две години на второто место, Пелагонискиот Регион во 2021 година падна на третата позиција според активната транспарентност. Во однос на лани, регионот забележа минимално подобрување од само 1 процентен поен. Како и да е, регионот спаѓа во ’добра‘ активна транспарентност, со просечно исполнување на обврските над 60 %.

Битола ја загуби долгогодишната лидерска позиција, и покрај подобрувањето на својата активна транспарентност од ланските 88 % на 91 %. Нов лидер годинава е Демир Хисар, со високи 93 %. Оваа општина
беше на второто место, па го делеше првото место со Битола, за конечно да избие на самата водечка позиција.
Крушево и годинава е на третата позиција, исто како и лани, додека Могила му го зеде четвртото место на Прилеп, кој годинава падна на петтата позиција. Без промена е на последните две места, каде што и годинава се наоѓаат Кривогаштани и Новаци во рамкие на активна транспратност

Меѓу регионите, втора година по ред на прво место е Источниот Регион (со 74 % активна транспарентност), додека на последно останува Скопскиот Регион (со 49 % активна транспарентност).

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе