ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од дeнеска во Прилеп ќе се прават ПЦР тестови

1.597

 Од денеска, во Центарот за јавно здравје – Прилеп почнува да се работи на ПЦР тестови. Дневно ќе можат да се прават 60 теста, а граѓаните на Прилеп, Крушево и Макеоднски Брод не мора да патуваат во соседните лабараториски центри за да го направа овој ковид тест. Лабораторијата ќе работи од 7:30 до 15: 30, од понеделник до петок, и секој суспектен граѓанин ќе може да се тестира.

– Ќе направиме напори да ги задовлиме потребите на граѓаните од општината, но се надевам дека бројот на заразени ќе се намалува. Оваа недела Прилеп има драстично намалување на бројот на коовид позитини кои изнесува 30 % помалку споредбено со минатата недела. Лабoраторијата можат да ја користат и други граѓани кои би се нашле во Прилеп и сакаат да направат ПЦР тест. Цената за приватно тестирање ќе биде 2.600 денари, за оние кои би закажале преку мој термин преку својот матичниот лекар, трошоците се бесплатни и ќе бидат на терет на ФЗО. Оваа лабoраторија е од големо значење за ЦЈЗ – Прилеп, бидејќи  во иднина ќе остане и за молекуларна дијагностика – рече Драгица Николоска , директор на ЦЈЗ –  Прилеп, изразувајќи благодарност до опшествено одговорните компаниите кои помогнале да се опреми и реконструира оваа лабoраторија: Мемерен Комбинат Прилеп, Комфи Ангел, Тут – Ком – Прилеп и Филип Морис, како квадаречката компанија, Дрекслер Мајер и прилепската Гентерм

Им се заблагодаруваме на сите фирми кои помогнаа да го заокружиме овој голем проект во вредност од 3,5 милиона денари. Така, ламинарната комора од второ ниво ја донираше „Мермерскиот комбинат“, екстрактерот за нуклеинските киселини е од „Дрекслермаер“ од Кавадарци, амплификаторот-ријал тајм писиарот го донираше Тутунски комбинат, заедно со Филип Морис. За тестирањето на обуките ни помогна „Комфи Ангел“ со набавени пробни тестови, а додека, пак, за комплетна реконструкција на просториите помогна компнијата „Гентерм“,објаснува Николоска.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски ја посети лабo6раторијата и изрази голема благодарност до компаниите кои помогнале во нејзино уредување и адаптирање, но, ги повика граѓаните на масовна имунизација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: