ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од кои партии и кои 20 пратеници ќе ги застапуваат граѓаните од ИЕ 4?!

387

Ниту една друга партија од 14 понудени опции во ИЕ 4 не го доби гласот на грѓаните, освен двете големи партии, кои си „поделија„ по 10 пратнички места .  20 – те пратеници кои ги собраа потребните гласови од гласачите во ИЕ 4, за кои граѓаните ја дадоа својата доверба на парламентарните избори на 15-ти јули, се претставници само од двете политички партии, СДСМ и коалицијата „Можеме„ и ВМРО ДПМНЕ  и коалицијата „Обнова за Македонија„ .

Имињата на 20 –те пратеници во ИЕ 4 кои дадоа ветувања пред граѓаните дека ќе им донесат  подобра иднина на економски, инфраструкурен,социјален, културен план… се:

 Од СДСМ и коалицијата „Можеме„:

1.Зоран Заев

2.Соња Мираковска

3.Миле Талевски

4.Даниела Колева

5.Панчо Минов

6.Марија Костадинова

7.Костадин Костадинов

8.Лолита Ристова

9.Павле Трајанов

10.Коле Чаркчиев

а од ,ВМРО ДПМНЕ  и коалицијата „Обнова за Македонија„ се:

1.Александар Николоски

2.Ане Лашкоска

3.Дајанчо Ефтимов

4.Ели Панова,

5.Зоранчо Јованчев,

6.Петар Ристески ,

7.Здравко Трајанов ,

8.Ангелика Петрова ,

9.Златко Пенков,

10.Јаранка Поцкова

Споредбено со минатиот парламентарен состав кога од Прилеп имавме четворица пратеници, по двајца во власта и опозицијата , вклучително и Министерот за транспорт и врски, во овој паралментарен состав ќе се најдат само тројца прилепчани, од кои еден од СДСМ, Миле Талевски и двајца од ВМРО ДПМНЕ, Ане Лашкоска и Петар Ристески.

Инаку,  до Државната изборна комисија по одржаните предвремени парламентарни избори се пристигнати 82 приговори. Првиот човек, Оливер Дерковски истакна за „ТВ Алфа“ дека по приговорите ќе се одлучува в недела или понеделник. Во поднесените приговори и забелешки се бара и повторно пребројување на гласачките ливчиња, едно по едно.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: