ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Од МЗШВ Прилеп дневно се издаваат по 400 бели картони за тутунопроизводство

970

Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство стои на располагање за тутунопроизводителите кои стартуваа со подготовките за новата реколта. Во тек е процедурата за обезбедување на евиденциони листови или бели картони за планирано тутунопроизводство, за што, подрачната единица е спремна доколку е потребно да работи во втора смена и во саботите ако се појави таква потреба. Зоран Пачешкоски, раководител на прилепската подрачна единица која ги покрива општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани вели дека тутунарите мораат уште оваа година навремено да обезбедат евиденциони листови, што е услов за склучување на договори со откупните компании.
– Да нема забуни, за претстојната производствена сезона тутунарите мора да добијат бел картон од подрачната единица. Со новиот закон подготвен од наредната година ќе се укине поднесувањето евидентни листови, така што тутунарите директно ќе можат да потпишуваат договори со откупувачите и на тој начин ќе биде олеснета процедурата, потенцираше Пачешкоски кој рече на денешната средба со новинарите дека зголемен е интересот за новото производство.
Само во првите 7 работни дена од како започна процедурата издадени биле 2 800 евиденциони листови, така што дневно се издаваат по 400 потврди за планирано тутунопроизводство од Прилеп.
Ова пред се се должи на достигнатата вредност на ланската реколта која е оценета за најдобра досега со рекордна просечна откупна цена од нешто повеќе од 217 денари за килограм откупен тутун.
Раководителот на ПЕ на Министерството за земјоделство и шумарство Прилеп, Пачешкоски истакна дека Владата и ресорното министерство остануваат фокусирани на развојот на производство на квалитетен тутун, така што со оглед на пролонгирањето на стартот за издавање на бели картони, процедурата ќе трае подолго од планираното, односно до крајот на март.
Рекордната цена на откупениот тутун и зголемената субвенција за ланската реколта во три категории: 80 за прва, 70 за втора и 60 за трета и четврта класа, за претстојната производствена сезона за прилепскиот регион – центар на тутунопроизводството ќе значи и рекорден број на издадени бели картони. Во подрачната единица на МЗШВ Прилеп очекуваат да обезбедат околу 12 илјади листови за планирани површини под тутун, за околу 8 до 9 илјади хектари кои би требало да бидат засадени под оваа индустриска култура во регионот на прилепска Пелагонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: