ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Победа ремизираше со Пелистер 1:1 (1:1)

599

Пелагониското дерби меѓу фудбалерите на Победа и Пелистер заврши со реми во пролетната сезона на Првата македонска фудбалска лига. Во 19. коло на македонскиот шампионат, прво годинава, дербито заврши без победник, 1-1 (1-1).

Средбата се играше со почеток во 14 часот на стадионот „Кукуш“ во Турново, причина за ова е лошата кондиција на стадионот на „Могила“.
И двете екипи со подновени состави одиграа интересен меч, со многу шанси. Уште од почетокот гостите се заканија со шансата која капитенот Гоце Тодоровски ја имаше преку слободниот удар, но не успеа да го изненади Тофиловски. Иако, мрежата на домашните фудбалери, за кратко време во 9. минута, ја затресе со удар со глава Борче Маневски, со што Пелистер го отвори натпреварот со 0-1.
Но, фудбалерите на Победа не дозволија пелистерци да ја земат играта во свои раце. По добро изведена акција по десната страна Ивановиќ го пронајде Даноски кој од непосредна близина ремизираше 1:1.
Во второто полувреме продолжија нападите на фудбалерите на Победа, а само среќата ги спаси пелистерци зашто очигледен беше падот во нивната игра која се сведе на одбрана и евентуални контранапади.
В недела се игра следното 20 коло, а Победа гостува во Скопје кај шампионот Вардар.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе