ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележана 63 годишнината од смртта на Методија Андонов Ченто

433

По повод одбележувањето на  63-годишнината од  смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто ,

делегација на Општина Прилеп предводена од градоначалникот Илија Јованоски,  се поколни и положи свежо цвеќе пред споменикот во центарот на градот.

-З а овој настан не беа известени совениците од опозицијата при Советотот на општина Прилеп  ,ниту ОК на ВМРО ДПМНЕ  ,со цел да има заедничко одбележување на вакви значајни датуми – истакна координаторот на Советничката група на ВМРО ДПМНЕ при Советотот на општина Прилеп и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Прилеп  , Петар Ристески. Тој тврди дека не добил известување од општината , па самоиницијативно ОК на ВМРО ДПМНЕ и преставници од советничката група при  Советот на Општина Прилеп му оддале почит на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.

“Не добиме ниту покана како политичка партија ниту како советници , за овој настан. Несмеат ваките  настани да поминат незабележано и самоиницијативно . Ние, како политчка партија стоиме на зачувување на традицијата , значајните личности и настани од македонската историја, и секако дека Методија Андонов Ченто  е еден од великаните на нашата историја, на кои не смее да дозволиме вакво однесување на локалната самоуправа“ – посочи , Петар Ристески

Од  општината на оваа реакција ни одговореија дека поради пандемијата се редуцираат сите собирања и настани, па и одбележувањата на значајни датуми и личности од Прилеп.

Инаку, Методија Андонов – Ченто е македонски национален борец, деец , политичар, поборник за македонската кауза  и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп, а својот живот го завршил на 24 јули 1957 година.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: