ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележани 80 годишнината од смртта на народниот херој Борка Талески

346
Во организација на институцијата која што со гордост го носи името на народниот херој Борка Талески (1921-1942) , Јавната општинска установа Градска библиотека, денеска ја одбележа 80 годишнината од неговата смрт.  Делегации од општинската организација на Сојузот на борци -Прилеп, Библиотеката, Медицински центар „Борка Талески“- Прилеп положија свежи цвеќиња пред споменикот на местото на убиството на Борка Талески и Лазо Филиповски – Лавски во месноста Чашка кај Плетар, пред бистите во Алејата на народните херои и пред бистата на Борка Талески, во  Библиотеката.

 

Како што информираат од Библиотеката, градоначалникот Борче Јовчески, поради интензивна и неодложна агенда, договорена многу порано, бил спречен да присуствува на одбележувањето, но  упатил честитка по повод јубилејот до сите вработени во Градската библиотека, со желби за понатамошни успеси. 
„Најпрвин сакам да ви го честитам одбележувањето на 80 годишнината од смртта на народниот херој Борка Талески кој што е патрон на вашата институција. Честитки со желби за натамошни успеси на целиот колектив на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ –Прилеп.“-стои во честитката што ја упати градоначалникот Јовчески.
За ликот и делото на Борка Талески,  на чествувањето се обрати Моника Талеска, директорка на Градската библиотека, како и претседателот на О.О. на Сојуз борци-Прилеп, Илија Велкоски -историчар на уметност и Рубин Белчески, историчар.
Борка Талески бил македонски комунист, револуционер, партизан, борец во НОБ и народен херој на Југославија од Македонија. Тој е непосреден организатор на востанието против фашистичкиот окупатор започнато на 11 октомври 1941 година во Прилеп.

Борка Талески бил дел од Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, кој на 11 октомври 1941 год. во Прилеп го извршил првиот организиран напад врз бугарската фашистичка полиција, кој ден подоцна ќе се смета за почеток на востанието во Македонија.
Во 1942 година Талески повторно дејствувал во Прилеп, за подоцна да го пратат на задача во
Кавадарци, каде што ќе дејствува заедно со Лазо Филипов Лавски, човекот кој на 8 септември 1941 кај Богомилскиот тунел кај Велес, прв убива бугарски фашист во Македонија.
На 2 март 1942 година, околу 15 часот, движејќи се од Кавадарци кон Прилеп, во месноста Чашка, во близина на селото Плетвар, по претходно предавство, Борка Талески и Лазо Филипов – Лавски, паѓаат во заседа подготвена од бугарската фашистичка полиција. Тој ден двајцата млади македонски револуцонери ќе ја положат својата младост за слободата на МАКЕДОНИЈА.
Талески загинува на 21 година,  а Лавски на 24 години.

Борка Талески постхумно е прогласен за народен херој на 11 Октомври 1951 година, со орден од Маршалот Тито.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: