ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ се прашува: Што се случи за да се измени проектот кај вештачкото езеро?!

627

По денешното пуштање на спортско- рекреативниот центар „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности„ се огласи ОК на ВМРО ДПМНЕ кои на јавноста и се обрати со користење на постот од нивниот претседател, Дејан Проданоски, во кој се вели

“ Реализацијата на проектот „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ е за поздрав. Но јавноста треба да добие одговор на многу нелогичности и прашања кои оставаат сомнеж, а се поврзани со овој проект. Проектите во останатите 19 општини ја имаа својата реализација во почеток на 2019. Зошто Општина Прилеп остана последна со реализација на овој проект❓На презентацијата на проектот во Општина Прилеп, јавноста беше информирана дека во проектот е планирано да се изведат 5 поединечни потпроекти меѓу кои: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот ,,Маркова чешма” до с.Присад во должина од 7,3 km и ширина од 3 m; како и останати 4 потпроекти, сите пет вкупно во износ од 850.000€, проект финансиран од ЕУ и сопствено учество на Општина Прилеп.

На информативната табла која повеќе од една година беше поставена на потегот „Маркова чешма” стоеше : „Реконструкција на улица и паркинг до комплекс со спортски содржини, пешачка и велосипедска патека“ во вредност од 36.547.738,00 денари и дека истата треба да се реализира во периодот од 11.03.2020 г. до 30.09.2020г. До денес нема ништо од велосипедската патека околу прилепското езеро, врз која се базираа и останатите активности од проектот. Јавноста заслужува да знае зошто е тоа така⁉️ Што се случи во меѓувреме за да се измени проектот❓Зошто престанаа активностите после неколку неуспешни обиди изведувачот на проектот да ја трасира патеката❓ Дали тоа се должи на фактот дека трасата поминувала низ приватни парцели❓ Или пак велосипедска патека нема бидејќи имало обид истата да поминува низ стрелиштето за боево гаѓање Леково, па после реакција на АРМ, комплетно е прекинато трасирањето на патеката❓Дали тоа значи дека при конкурирање на инвеститорот му се дадени непроверени информации❓Јавноста заслужува да знае кој ќе ги плати направените трошоци кои настанаа при обидите да се трасира патеката❓Еден од основните услови е да се изработи Еколошки елаборат кој ќе гарантира дека нема да има никакво пресекување на водниот тек. Дали Општина Прилеп изработила ваков Еколошки елаборат и дали тој содржел релевантни информации какви што се барале од страна на инвеститорот, oстанува уште едно од низата неодговорени прашања“.-напиша Проданоскиво својата објава

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: