ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пуштен во употреба комплексот Прилепско езеро – нови авантури, нови можности

1.199

Спортско рекреативниот комплекс „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ денеска беше ставен во употреба во присуство на голем број граѓани, ученици и деца и претставници од општествено – политичкиот живот од Прилеп. Проектот е еден од капиталните иницијативи на локалната самоуправа посочи градоначалникот Илија Јованоски, со идеја да се врати сјајот на некогаш најпопуларното и омилено излетничко место на прилепчани – Прилепското езеро.

„Во рамките на проектот е изграден мултимедијално плато со тераси, летниковци и урбана опрема, кошаркарско игралиште со трибина, игралиште за одбојка, и 4 маси за пинг- понг, кои се оградени и осветлени со рефлектори за нивно користење во вечерните часови, како и 4 детски игралишта со соодветни содржини за најмладите посетители. Изградена е пешачка патека со широчина од 1,5 м и во должина од 700 м. осветлена со канделабри поставени по целата должина. Со пристапната рампа за лицата со инвалидитет им е овозможен пристап до сите содржини на спортско рекреативниот комплекс. За одржување на хигиената набавени се континиери и ново комунално возило за подигање на сметот со капацитет од м3. Пред некогашниот мотел е изграден паркинг простор , паркинг за велосипеди, а на целиот потег во зоната има клупи и корпи за отпадоци, информативни табли и патокази. Мултимедијалниот простор е комплекс од 3 летниковци и 20 клупи за седење, како и плато, кое ќе служи за изведување на културно – забавни манифестации, концерти и место за дружење на сите посетители“, рече градоначалникот Јованоски упатувајќи апел до граѓаните да се грижат за новоизградениот комплес. За таа цел поставен е видео надзор, а ангажирана е и чуварска служба.

Инаку, целиот објект е изграден од природни материјали – камен и дрво со цел да се задржи природниот амбиентален изглед. Вкупната вредност на проектот изнесува околу 50 милиони денари, од кои 6 милиони денари оддвои општина Прилеп. Проектот е финансиран од страна на Европската Унија и Владата преку проектот за локална и регионална конкурентност. „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ го администрира Светската банка, а се спроведува од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. Спортско рекреативниот комплекс е на оддалеченост на околу 6 км од градот Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: