ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОК на ВМРО ДПМНЕ смета дека замислената реформа и новата концепција ќе му нанесе штета на образованието и децата

579

„Нашите деца не служат за експеримент на кој Мила Царовска ќе спроведува проби! „- истакна, Марина Петреска од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп на денешната прес конференција и додаде:

-Новата концепција која се поврзува со процесот на дигитализација, ниту ќе го подобри образованието, ниту ќе го зголеми знаењето на децата. Доколку Мила е решена по секоја цена да воведе дигитализација, првенствено треба да обезбеди уред на секое дете, кој ќе значи дополнително средство за работа. Потребно е да се обезбеди и печатен учебник по секој предмет со сите наставни содржини на трошок на МОН, а не некакви скрипти кои училиштата ќе ги печатат без целосни содржини.Дали министерката и нејзиниот тим влегле во подрачно училиште во рурална средина да се уверат во какви услови со распаднати тавани, огрев на дрва и санитарни јазли во „ливада“ учат тие дечиња? Нив ли ќе им воведуваат дигитализација? Ова се вистинските проблеми кои Илија Јованоски како локална власт и МОН треба првенствено да ги решаваат, а се поврзани со условите за квалитетно образование. Кој ќе им помага на учениците да учат по дигитални учебници во услови кога некои немаат ИТ уреди или модерна технологија, немаат струја, ниту интернет? Или истите ќе бидат дискриминирани со некакви си печатени скрипти? Како ли ќе се чувствуваат овие деца, кога нивните другарчиња и соученици, ќе следат поинаква настава на скапи уреди? Размислил ли некој за ваквиот вид дискриминација?Дали некој направи сеопфатно истражување за да увиди како ваквиот процес на образование ќе влијае врз здравјето на децата? Како сето тоа ќе влијае на нивниот правилен психо-физички раст и развој со поминување на повеќе од 5 часа после настава пред компјутер или телефон?

– Почитувани, Мила Царовска треба најпрво да им се извини на родителите за не промислената реформа, затоа што оди против нивната волја и сплотеност. Мила Царовска треба да им се извини и на сите наставници за навредата со изјавата дека на учениците не им било забавно во училиште. Со таква изјава се погазува достоинството на наставниците кои се најодговорни во создавањето квалитетна младина која активно ќе учествува и придонесува во општествениот напредок. Вака замислената реформа и новата концепција не смее да помине! Тоа ќе нанесе ненадоместлива штета по образованието и нашите деца!- посочи Мартина Петреска,на прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: