ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ОО на СДСМ: Прилепската Гимназија преминува во објект со висок степен на енергетска ефикасност

733

Дури и во услови на пандемија, власта предводена од СДСМ продолжува да инвестира во инфраструктурни проекти во училиштата„ тврди, Стефани Радовановиќ, од Комисија за образование на ОО СДСМ потенцирајќи пред се што е направено во прилепската Гимназија „ Со средства од МОН, во висина од 400.000 евра, најстарата училишна зграда во Прилеп, Гимназијата „Мирче Ацев“ добива целосно нов лик и подобри услови за одржување настава. Во внатрешноста на објектот се врши реконструкција на подрумскиот дел, со што се добиваат 4 нови простории за изведување на кабинетска настава и два нови тоалети. Се врши целосна реконструкција и на фасадата на Гимназијата, при што се поставува нова термоизолација на целиот објект, а старите дрвени прозорци, поставени за време на изградбата на објектот пред 60 години, се заменуваат со ПВЦ дограма. На тој начин, прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ преминува во објект со висок степен на енергетска ефикасност. „-посочи таа.(Целото обрајќање проследете го во продолжение:)

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: