ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп се закити со 5 награди за само една недела

992

Учениците и нивните ментори од ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп освоија 5 вредни награди за само една недела. Учениците се натпреваруваа во повеќе области меѓу кои спортот, францускиот јазик рецитирањето,библиотекарството и креативноста и со поддршка на нивните наставници и ментори, успешно го претставија училиштето на повеќе полиња.
-За да се изгради планина секој ден треба да се носи по една кошница земја на местото, што значи дека наградите не доаѓаат преку ноќ, тие се резултатат на многу залагања и одрекувања од животот, но задоволството од работата со учениците нема цена. После овие награди ние можеме да им ветиме на нашите ученици и нивните родители дека нема да запреме, бидејќи ова нам ни претставува поголем мотив за жнеење на награди во иднина, велат наставници од училиштето ООУ „Добре Јованоски“.

Секојдневните тренинзи на учениците и нивните ментори Златко Думбалоски и Зоран Мирчески на училиштето му го донесоа првото место на зонскиот турнир во футсал кој се одржа во Кавадарци.

Ученичката Исидора Николоска од VII – 2 со сета своја дарба и емоција го освои првото во рецитирање по повод Месецот на книгата организиран од Градската библиотека во Прилеп и на песната„ Трета молитва на моето тело “ од Ацо Шопов и даде чиста душа, онаква каква што и самиот поет Ацо Шопов ја замислил да ја доживее читателот .Ментор на Исидора беше наставничката по македонски јазик Јагода Волческа.Минатата недела училиштето доби потврда дека францускиот јазик сеуште е омилен меѓу учениците. Вилијам Нунески го освои второто место на регионалниот натпревар по француски јазик кој се одржа во Битола , а за неговиот успех заслужна е наставничата Љупка Томиќ која со многу љубов и трпение секојдневно работи со учениците.

Едис Еминоски од IX одделение го освои првото место на општинскиот натпревар за Млади библиотекари кој беше организиран од Градската библиотека во Прилеп, а Никола Бонески од IX одделение второто место.

Едис со освојувањето на првото место на општинскиот натпревар се пласираше на државниот натпревар за Млади библиотекари каде го освои третото место на истиот.Негова менторка е наставничката Панде Николоска која е наставник по македонски јазик.

Но и креативноста дојде до израз. По повод 30 години од Конвенцијата за правата на децата УНИЦЕФ и МОН го оргнизираа „Најдолгиот час на светот“. Училиштетото зеде учество со снимање на видео со наслов „Детство од иднината“, со кој го освои најпрестижното прво место.

 

Најдолгиот час на светот беше реализиран од тим од наставници и стручни соработници: Панде Николоска, Маја Најдоска и Јагода Волческа и стручна служба Софија Бошеска, техничка обработка:Изабела Узуноска Црнеска. Видеото е на следниот линк:

Радио Пела им честита на освоените награди на учениците и тимот од ментори и вработени во ООУ „Добре Јованоски“.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: