ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пустец се солидаризира со своите сограѓани погодени од разорниот земјотрес

1.297

Македонскиот народ во Пустец сочувствува со болката и потребата од помош на семејствата погодени од катастрофалниот земјотрес во Албанија. На иницијатива на Васил Стерјовски, пратеник Македонец, во парламентот на Република Албанија и градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски, исто така Македонец, од денеска, се организира акција на македонската заедница во оваа општина, за собирање помош за луѓето кои претрпеа загуби од земјотресот.
Граѓаните кои чувствуваа потреба и должност, жителите на Општина Пустец донираа храна, облека и хигиенски средства, кои ги доставиуваат во општинската зграда.

На овој начин Општина Пустец, заедница која е со доминантно македонско население како и секогаш подава рака за помош кон своите сограѓани од регионот на Драч и Тирана, двете области најтешко погодени од земјотресот во Албанија.

Ова е само една од многуте хуманитарни акции кои се организираа со цел да се помогне, кој колку што може, да се ублажи недостигот од неопходните средства, храна и облека за настраданите од земјотресот во  Албанија, најразорен, во изминативе неколку декади.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: