ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Опожарена викендичката на координаторот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп

600

Синоќа околу 22.30 часот до темел изгоре викендичката на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Петар Ристески, која се наоѓа во месноста Кула во близина на селото Волково. Пожарот синоќа го забележал очевидец кој пријавил во противпожарната единица која интервенирала.
Ристески денеска истакна дека досега немал никакви закани, немал непријатели, но се сомнева дека пожарот бил подметнат од политички причини. Во објектот немало ниту струја, ниту други грејни уреди.
– Немам непријатели, никој не ми се заканил, неможам да го посочам прстот во никого, единствено што ми паѓа на памет во овој момент е дека е политичко мотивирано. Аргумент плус е и тоа што во два наврати претходно мојата куќа беше цел на напади, во моментите кога СДСМ објави дека формира Влада, вечерта мојата куќа беше нападната од хулигани и, припадници, членови на СДСМ. Истото се случи и вечерта после локалните избори на 15 октомври вечерта, вели Петар Ристески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Со писмена реакција по повод настанот, се одзваа од ОО на СДСМ Прилеп од каде меѓу другото велат:
– Ги повикуваме институциите да го расчистат случајот со палењето на викендицата на координаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, за коешто денес ја извести јавноста.
Наместо да го вперува прстот во СДСМ, надевајќи се дека ќе заработи ситни дневно политички поени, нека погледне во сопствените редови и нека расчисти со внатрепартиските натпревари за позиции.
Методите на закани, притисок, уцени, закани по безбедноста на граѓаните и нивниот имот, никогаш не биле поддржани од СДСМ и нашите членови. Таквите методи останаа запамтени во колективната мерморија на граѓаните како симбол на деструктивното, криминално и корумпирано владеење на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 12 години, се вели меѓу другото во писмената реакција од ОО на СДСМ Прилеп.
Воедно, и првиот човек на Општината градоначалникот Илија Јованоски се обрати со писмена реакција по опожарувањето на викендичката на координаторот ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески во која се вели:
– Како градоначалник на општина Прилеп испраќам јасна порака и ги повикувам сите надлежни институции да постапат целосно според законот.
Да го расветлат случајот и да ги откријат причините, поради коишто избил пожар во викенд куќата на координаторот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Советот на Општина Прилеп, Петар Ристески.
Да се разјасни и најмал сомнеж.
Личната и безбедноста на имотот на политичарите, од која било политичка провиниенција, на сите граѓани е императив во едно демократско општество, кон коешто се стремиме, се вели во писмената реакција на градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: