ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Опозцијата и власт во Прилеп спорат за проекти

616

 

              ОК на ВМРО ДПНЕ  Прилеп обивнува – нема театар ниту струја за жителите од Тризла      

ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп го обвини Градоначалникот Јовановски дека не ги исполнува ветени проекти и дека нема намера да изгради театар ниту кој било друг проект кој го ветуваше пред изборите .Од партијата во своето соопштение до јавноста потенцираат дека првиот ден од стапувањето на функцијата градоначалник, Илија Јованоски ги повикал сите глумци и вработени во театарот во Прилеп и изјавил дека тој ќе изгради нов театар. Од  ОК на ВМРО ДПМНЕ , во соопштенитео го цитираа грдоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски

„Она што прво ќе го направиме, и тоа во рок од 2 месеци, е што ќе обезбедиме електрична енергија за жителите од населбата „Три багреми“. Ќе го направиме и патот до населбата, а за скоро време ќе го решиме и проблемот со водоснабдувањето, односно ќе обезбедиме здрава и чиста вода за секое семејство“,

„Во медиумите е објавен и текст во кој се истакнува дека Министерот Ибраимоски вели дека од градоначалникот на Прилеп добил уверување дека најдоцна до 31.12.2017 ќе биде поставена нова трафостаница, а ќе биде изграден и пристапниот пат до населбата „Три багреми“ се вели во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ

               Општината Прилеп категорично ги деманира обвинувањата                

Општина Прилеп категорично ги демантира ,како што велат, дезинформациите објавени на денешната прес-конференција на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

„Конкретно за населбата Три Багреми, со одлука на Владата преку Министерството за транспорт и врски на сметката на Општина Прилеп на крајот на минатата година се префрлени 2,5 милиона денари, средства наменети за извршување на градежните активности за поставување трафостаница и други инфраструктурни зафати. Следната недела претставници од ЕВН, актуелниот пратеник Самка Ибраимоски, ексминистер без ресор, и градоначалникот Илија Јованоски на средба во Прилеп ќе ги дефинираат следните чекори во правец на натамошно подобрување на инфраструктурата во оваа населба што претходната локална власт ја имаше оставено целосно на маргините“, се вели во писмената реакцијата од Опшина Прилеп

ОО на СДСМ  Прилеп тврдат – обвинувањата се клевета

А , соопштение до јавноста на оваа тема достави и ОО на СДСМ во које се вели дека   очајот во криминалната ДПМНЕ е до толкава мера, што само по два ипол месеци од работата на новата локална власт на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, си дозволуваат неосновано и клеветнички да критикуваат се што напорно работи.

Постапката за обезбедување струја за граѓаните во населбата „Три Багреми“, е веќе во тек. Граѓаните во овој дел од Прилеп ќе имаат довод на струја, онака како што беше ветено.

Покрај тоа, со 2.5 милиона денари кои што се веќе легнати на сметката на Општина Прилеп, преку Министерството за транспорт и врски ќе се реализираат и други инфраструктурни зафати во оваа населба, каде што граѓаните живеат под сите норми.

Градоначалникот Јованоски вети и Прилеп ќе добие нов театар во неговиот четиригодишен мандат. Затоа што за СДСМ и за Јованоски зборот е збор-  меѓудругот велат од ОО на СДСМ во писменото извесвувње до јавноста.

 

 

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе