ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Крушево го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше

445

Општина Крушево денеска го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше Проески. Според тендерската документација објавена денеска, проценетата вредност изнесува 6.930.632,00 без ДДВ. Крајниот рок за доставување на понуди е 28 ми овој месец. Доколку локалната самоуправа избере најповолен понудувач, со градежните работи треба да се започне најдоцна до 10 септември годинава, а крајниот рок за завршување на проектот е 30 ти ноември годинава. Владата, пред еден месец ја усвои Програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа. Со што државата, конечно, обезбеди финансии за да се уреди неговото вечно почивалиште, кое годишно го посетуваат илјадници фанови од Балканот и пошироко.
За преуредување на вечното почивалиште на Тоше Проески според одлуката на владата ќе бидат издвоени 10 милиони денари. Уредувањето на вечното почивалиште на Тоше Проески во Крушево, беше дел од капиталните инвестиции, вклучувајќи и неколку други, во други општини во државата.

Инаку, Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговото заминување. Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Ова е идејното решение:


Тоше Проески, трагично загина во 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Дванаесет години, никакви градежни активности не беа преземени на неговото вечно почивалиште, и покрај бројните реакции од јавноста.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: