ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општина Прилеп бара воздушна поддршка за спасување од пожарите

588

Општинскиот кризен штаб кој вечерва беше свикан повторно по иницијатива на градоначалникот Илија Јованоски, побара помош од централниот кризен штаб, општината да добие  и воздушна поддршка во текот на утрешниот ден за справување со огнената стихија.

„Денеска повторно го свикав кризниот штаб поради влошената состојба на терен особено со пожарот кој  се јави кај Смолани таму гори нискостеблеста шума, а во опасност е боровата шума која може да биде зафатена и од тие причини на денешниот кризен штаб се договоривме освен припадниците на ТППЕ и  30-мината припадници на Армијата, вработените во македонски шуми, активно да се вклучат и вработените од  ЈКП “Водовод и канализација“ и  “Комуналец“.   

Во исто време побаравме од централниот кризен штаб да имаме и воздушна поддршка во текот на утрешниот ден и тоа на двата потега  Топлица – Ракле-Никодин и на потегот село Смолани,  бидејќи тој е единствениот начин да се локализираат пожарите. Исто така, во текот на денешниот ден Министерството за внатрешни работи ги евакуира двете инвалидизирани лица од Ракле и ги врати во своите домови, така што опасноста од загрозување на човечкиот живот не постои, посочи градоначалникот Јованоски.

 Пожарот во делот од Топлица кон магистралниот пат Прилеп-Градско е локализиран.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: