ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Општините Прилеп и Кривогаштани се подготвуваат за Водици

620

Големиот христијански празник Богојавление-Водици се прославува во сабота, 19 јануари. Во Прилеп и  Крвигаштани,  течат последните подготовки за прославата, а иницијативните одбори со голема посветеност работат на дефинирање на деталите за целокупната манифестација

Во пресрет на празник Богојавление – Водици,19-ти јануари,в сабота, кога традиционално се фрла чесниот крст, и се  осветуваат водите, во тек е и пријавувањето  во црквата „Св.Благовештение“ во Прилеп и во цркватата „Св. Димитрија“ во Кривогаштани, за оние кои сакаат да го фатат благословениот крстот за здравје, среќа и бериќет.

Во Прилеп повеќе од 100  верници веќе се пријавени за фаќањето на светиот крст,  а настанот планирано е да се одржи околу пладне, во базенот на хотелот Салида.

Во Општина Кривогаштани фрлањето на светиот крст се случува, така речено, во секое населено место.  Во Кривогаштани крстот ќе се фрла во базенот на црковниот двор „Св.Пречиста’, а досега се пријавени 5 лица. За оние кои ќе го фатат крстот следат пригодни награди од организаторите.

Инаку, оние лица кои планираат да скокаат по светиот крст задолжително треба да носат  медицинска белешка (потврда) од матичен лекар за нивната здравствената состојба и крштеница, со што ќе го потврдат своето учество во скокањето по благословениот крст.

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно  Законот за празниците на Република Макединја  19 јануари 2019 година (сабота), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

На 18 јануари православната црква го  слави празникот Водокрст. Во Светата Црква се воспева  силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: