ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Намали тутунската откупна динамика, досега преземенo 65 отсто од производството

607

Откупот на тутунот деновиве поради празниците, но и временските услови се одвива со забавено темпо. Просечната цена достигна 210 денари од килограм, а исплатата на средства се одвива без проблем. Засега второстепената комисија за евентуални спорни количества тутун за откуп нема работа, со исклучок на неколку откупни пунктови во Општина Долнени. Досега се откупени нешто повеќе од 16 илјади тони тутун во цела Македонија, што е некаде околу 65 отсто од вкупно очекуваните количества.
– Проблеми во откупот на тутунот нема, и тече без застој, но со многу намалена динамика. Ова се должи на временските услови и тоа што не може да се изврши домашната манипулација и многу ретко се носи тутун за продажба. Сите откупни пунктови се отворени, а очекуваме уште околу 5 до 6 илјади тони тутун претежно од прилепскиот дел од Пелагонија и тоа од Прилеп, Кривогаштани, Долнени и Крушево. Во источниот дел на Македонија се очекуваат уште само 500 до 600 тони тутун. Доколку се подобрат временските услови откупот може да заврши до првата половина од февруари. Просечната цена сега изнесува 210 денари, што се должи на квалитетниот тутун и тоа што се носат горните берби, а очекуваме просечната цена да расте, вели Данчо Милески, претседател на Здружението на тутунопроизводители „Мице Козар“ од Прилеп.
Од прилепското здружение посочуваат и апелираат до откупните компании да ја „олабават“ линијата на проценка доколку сакаат да ги задржат тутунарите за новата реколта, зашто евидентно се намалува бројот на земјоделци кои се занимаваат со тутунопроизводство. Споредбено со годините наназад производството на тутун опаѓа, а со намалување на интересот и исселувањето на младите и натаму овој земјоделски сектор ќе трпи намалување на продукцијата.
Според проценките од тутунските здруженија годинава ќе бидат откупени најмногу до 22 илјади тони тутун.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: