ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(ВИДЕО) Бесплатно делеше маски, земјоделската аптека „Агро Рајчин“ од Кривогаштани и порачаа: “Откажете се барем од половината од профитот од продажбата на маски“

1.398

„Се надеваме дека и другите ќе го следата нашиот пример,“ вака го започнавме разговорот со Виктор Деспотоски,  сопственикот на земјоделската аптека „Агро Рајчин“ од  Кривогаштани , кои денеска,  БЕСПЛАТНО делеа заштитни маски, од своите залиха,  на влезот од аптеката во Кривогаштани.

„Ситуацијата е сериозна, а ние имавме заштитни маски на залиха. Но, потребна е колективна свест и грижа во овие тешки моменти.  Знаеме дека големите фармацевски компании и аптеките ги продаваат заштитни маските ПО ПОВИСОКИ ЦЕНИ  и на тоа многу заработуваат. Набавната цена на овие маски е 5 денари.  И,  во, овие тешко време,  да заработуваш 50 / 100 денари за маска,  Е  срамота „. – рече Депостоски,  кои ни подари заштитна маска

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/233383617703645/

„Затоа ние како компанија одлучивме , еве, да бидеме први да го „скришиме мразот“ ,  и да бидеме пример за други компании за  го следат нашиот пример.  Кој што има, да донира, за заштита на населението,  за да се намали паниката и да се заштитат граѓани.  Потребно е и да работи на колективна свест и грижата за другите во овие тешки моменти. Не треба да се гледа на профитот во овие моменти.  Треба сите, сплотено да делуваме.„
„Се надеваме дека ќе послужиме како пример, бидејќи во Македонија има и компании кои што произведуваат заштитни хигиенски превентивни средства, од овој тип. Не е ништо страшно ако се откажат од дел својот профит, да дадат на луѓе кои неможат да си купат, можеби не можат да најдат, оти тешко може и да се најдат заштитните маски.„

 

„Ние немаме многу маски , само 500.  Ама се надеваме ќе послужиме како пример на оние кои имаат повеќе.   Ние тргнавме со така цел,   потребата за превентивни средства за заштита од моменталната состојба со коронавирусоте е најважна„- апелираше Виктор Депостоски,сопстеник  на земјоделската аптека „Агро Рајчин“ од  Кривогаштани

И,  граѓаните крајно совесни! Секој земаше по едан или две маски, за член од неговото семејство. Ништо повеќе! Солидарноста на виско нив!. На влезот на аптеката,  секој еден можеше да се послужи.

Добрица Ѓорѓиоска, повозрасна жител на општина Кривогаштани, дојде да си земе заштитна маска

„ Да, се плашам од ситуацијата со коронавирусот. Но, да ја сфатиме ситуацијата сериозно! Старите треба да се зашититат, поради намалениот имунитет.Но, и сите!  Благодарам на земјоделската аптека „Агро Рајчин“за оваа иницијатива.  Зедов само две маски.Толку ми се потребни!“

 

Честитки,  до земјоделската аптека Агро Рајчин од  Кривогаштани! Се надеваме ќе послужите за пример на останатите ,  а ние ваквите компании ќе ги поддржуваме и следиме!

 

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе