12.4 C
Прилеп
петок, 25 октомври, 2024
Пела Радио

Искршени дрвја и украдени зимзелени растенија

Кога граѓаните се борат со превенирирањето со Ковид -19 , кога се бориме за здравје , како ли само им текуваат вакви работи?!

Во време на криза, несовесни граѓани кризираат низ градов. Утринава, дупки осамнаа на местата каде минатата година беа засадени зимзелени украсни растенија во населбата Точила.

По Дабнички канал пак, состојбата е очајна. Искршени се дрвајата кои минатата недела комуналците ги засадија со цел да се формира зелен појас околку критичниот Дабнички канал.

Иако,разочарани од постапките на граѓаните, комуналците  велат дека и понатаму ќе се борат против оваа појава, и на места на искршените и откорнатите дрвја и украсни растенија, ќе засадат нови.

Сепак, останува прашањето дали и во време на пандемија, дали и во вакво време невреме кое се заканува на целиот свет, толку сме храбри и некултурни за да уништуваме општи добра, кои пред се користат за здравјето на луѓето, го подобруваат амбинеталниот воздух и служат за чиста животна средина за која се залагаме сите.

 

Би можело да ве интересира

Крушево бело

Елизабета Филипоска

Државна помош за ВИК во ТИРЗ Прилеп, за вработување на 100 лица

Гордана Цветаноска

Мирчески: Каде и како тутунарите да го предадат вишокот, амбалажа нема?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе