CSS Template

Отворено писмо на Здружението на приватни стоматолошки здравствени установи за решавање на состојбите

415
Avtokontrol1

Јавно ги повикуваме премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и директорот на ФЗОМ Ден Дончев да примат делегација на Здружението на приватни стоматолошки здравствени установи, на итна и официјална средба како легитимни претставници на стоматолошките приватни здравствени установи, за да се отпочнат преговори во насока на решавање на катастрофалната ситуација на стоматолозите во државава.

Ги поставуваме прашањата :

  • Дали еден од друг доктор може да се разликува толку многу, така што државата за едниот создава услови да заработи плата од 100 000 ден, а за другиот 12 000 ден?
  • Дали стоматолозите имаат право да бидат третирани како доктори стоматолози, како што се третирани другите доктори кои работат во јавно здравство или како што се третирани општите матични лекари?
  • Дали ќе престане стоматологијата, која е дејност од јавен интерес, да се третира како стопанска дејност , што води до несовесно работење?
  • Дали ќе се прекине со непланирано производство на стоматолошки кадар спротивно на сите принципи и потреби на државата и на штета на сите: на државата (губи млад квалитетен кадар кој би можел да заврши друг потребен факултет), на стоматолозите (создавање на нелојална конкуренција) и на крај на пациентите (кои на крајот можат да добијат неквалитетна услуга).
  • Дали стоматолозите имаат право на одмор и боледување, а притоа да не стравуваат дека може да им пропадне ординацијата?

Општите стоматолози во моментов се наоѓаат на дното на општеството со тешки егзистенционални проблеми и ризик од банкрот.
Голем дел од општите стоматолози се со минимална плата од 12000 ден. Голем број од колегите кои ќе си заминуваатво пензија, ќе заминат со минимални пензии.

Новите дополнителни финансиски обрвски кои се наметнуваа од година во година на приватните здравствени установи како и покачувањето на платите, материјалите и сите редовни трошоци на ординациите, а притоа неводејќи сметка дека од 2005 до 2018 година цените на услугите како и капитацијата која ја исплаќа ФЗОМ по пациент се непроменети, поради големиот одлив на жители во странство, основот „0“ кој се појавува кај огромен дел од нашите пациенти за кој не се исплаќа капитација, несоодветната надокнада за дадените услуги на пациентите, се доаѓа до заклучок дека овој систем на финансирање кај општите стоматолози е неодржлив и мора да се промени.

Поради континуираното зголемување на стартните месечни трошоци на една стоматолошка приватна здравствена установа, кои во моментот изнесуваат од 55 000 до 70000 ден. а во оваа сума се вкалкулирани:минимална плата за доктор и сестра од 12000 ден. режиските трошоци на ординацијата и дополнителните финансиски обврски за одржување на ординацијата според законите во Р.С.Македонија, потребни се итни и неодложни промени за обезбедување на минималните средства за сите тимови кои се под оваа сума.

Потврда на ова се и официјално објавените податоци во извештајот на ФЗО на Македонија за 2017 год, каде просечните приходи по еден стоматолошки тим исплатени од Фондот изнесуваат 46 700 денари . Споредено со нашите колеги од другите области на здравството, исплатените приходи за еден стоматолошки тим заостануваат два, па и три пати.

Потрошувачката на лекови и други материјали кои одат на товар на Фондот од страна на докторите стоматолози е минорна, боледувањата издадени од страна на стоматолозите се исто така занемарливи, а токму за овој вид на потрошувачка со право се констатира дека е нереално висока и се трошат милиони евра непотребно. Според ова стоматолозите се штедната книшка на фондот за здравство, а се најмногу оштетени сите овие години.

Затоа Здружението на приватни здравствени стоматолопки установи заедно со огромен број на основачи и претставници од приватните здравствени стоматолошки установи изработи Платформа во која насока треба да се одвиваат промените за решавање на проблемите на стоматолозите кои се итни и неодложни.

ПОЧИТУВАНИ ДИРЕКТОРИ НА ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Ова се главните причини зошто е донесена оваа платформа и зошто бараме веднаш да започнеме разговори во рамките на Фондот и сериозните проблеминавреме да ги решаваме, за да не постанат посложени. Не можеме да најдеме разбирање за Вашиот однос кон Здружението, бидејќи до сега три пати со допис официјално бараме средба, а од Ваша страна игнорирање. За тоа пак, во меѓувреме коректно комуницирате и разговарате со другите здруженија, што се разбира позитивно го цениме.
Еве сега и јавно Ви се обраќаме со барање за средба и разговори по Платформата
и Ве молиме да не нé упатувате на институции кои немаат грижа за нашите професионални и егзистенцијални проблеми. Нашето здружение е здружение на правните лица Приватни здравствени установи и тоа е нај легитимниот претставник за преговори во името на ПЗУ.
Имено, Фондот склучува Договор со правното лице, а не со докторот стоматолог како физичко лице. Верувам дека повеќе нема да ги игнорирате нашите барања за средба и за тоа Ви благодарам.

Во прилог Платформата.

П Л А Т Ф О Р М А

1. Договорот со ФЗОМ да се продолжи со нов Анекс до Декември 2019 година.
2. Вкупниот буџет за општа стоматологија да се зголеми од сегашните 599 300 000 денари на
1 400 000 000 денари.
3. Приходите од ФЗОМ на сите тимови кои во моментот се под 55 000 денари, да не се помалку од оваа сума, за преодниот период од Јуни до Декември 2019.
4. Скалеста исплата на сите тимови над 55 000 денари согласно одобрените средства.
5. Бројот на пациентите на Тим во мрежата да се ограничи на 1500 осигуреници по еден стоматолошки тим.
6. Да се усогласат критериумот на владата за мрежата и критериумот на ФЗОМ за економска одржливост.
7. Месечните приходи на специјалистичките тимови да се зголемат на 150 000 денари.
8. Да се преанализираат досегашните ефекти од остварување на целите и ако продолжат посебно да се наплаќаат.
9. Да се преанализираат ефектите од досегашниот систем на стоматолошка здравствена заштита на децата до 14 години.
10. Да се дефинира пакетот на услуги на товар на фондот согласно член 70 од ЗЗО. (Точно да се знае кои услуги, колку услуги со кој квалитет, во кој временски период му следуваат на еден пациент за парите кои ги исплаќа ФЗОМ како откупувач на услуги).
11. При пресметките за исплаќање на месечна фактура да не постои основ “0” (нула).
12. Да се преанализира кадровскиот норматив на еден стоматолошки тим и да се редефинира што може да претставува стоматолошки тим.
13. Контролите од страна на инспекторите на ФЗОМ да бидат само во рамките на нивните законски овластувања, а не да навлегуваат и во ингеренциите на други инспекции.
14. Од Јануари 2020 година да се премине на плаќање на стоматолошките услуги по нов модел по кој секој Тим во мрежата ќе добива фиксен надоместок во висина на фиксните месечни трошоци во кои ќе бидат пресметани и амортизацијата на опремата и просторот, личен доход со придонеси на лекар и сестра, режиските трошоци и направени услуги да носат дополнителни приходи.
15. Договорите да се потпишуваат со важност од 1 (една) година.

Претседател:
Др. Жарко Ѓорѓиев,
Здружение на приватни здравствени стоматолошки установи


semm
Vivafarm
Farma Dolneni