11.1 C
Прилеп
понеделник, 28 октомври, 2024
Пела Радио

В сабота, последен ден за обезбедување на бел картон за тутунопроизводство

Привршува периодот предвиден за издавање на бели картони, односно евидентни листови за планирано тутунопроизводство. Според роковникот предвиден во Законот за тутун остануваат уште два дена. МЗШВ преку подрачните служби започна со процедурата од први март, а периодот за обезбедување на неопходниот документ за склучување на договори со откупните компании завршува до 31 март.
-Во интерес на земјоделците подрачната единица во Прилеп во одредени денови кога имаше најголеми побарувања, работеше и во две смени и во саботите. На два дена пред крајот, досега се издадени над 8 илјади бели картони за општините Прилеп и Долнени. Она што е евидентно е дека според планираното производство за новата сезона, површините под тутун ќе бидат зголемени, потенцира Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица во Прилеп, кој информира дека в сабота 30 март е последниот ден кога земјоделците ќе можат да обезбедат бел картон.
Дополнително за општина Кривогаштани издадени се околу 800 бели картони од подрачната служба во општината. Засега, од ресорното министерство за земјоделство нема најави за продолжување на рокот.

Би можело да ве интересира

(Видео) Нова економска мерка „Училишна кошница“ за училишен прибор по пристапни цени

Пела Редакција

Витаминка најголем изложувачи на саемот „Интерфуд 2019“ во Софија

Елизабета Филипоска

Витаминка наградена за добар пример во областа на безбедност и здравје при работа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе