ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јовчески за 100 дена отчетност го посoчи наследениот долг од 5 милиона евра и ги најави идните проекти

434

Градоначалник  на Прилеп Борче Јовчески, пред членовите на Економскиот совет  и раководителите на Јавните претпријатија и поканетите гости денеска ги презентираше реализираните проекти во првите 100 дена од својот мандат и ги најави идните проекти.

Тој  посочи дека локалната самоуправа ја презел со долг од 5 милиона евра .

За жал морам да кажам дека Прилеп помина низ многу тежок период. Во изминатите четири години бевме сведоци на уништена економија, голема сиромаштија, чаршија со затворени дуќани, лоша патна инфраструктураи промаршени проекти. Запоставени и уништени зелени парковски површини, уништени дрвореди и уништени фонтани беа исто така дел од сликата која што претставуваше хаос во градот и во населените места.“- рече Јовчески

Во периодот од 27 октомври 2021 година до 31 јануари 2022 реализирани биле приходи во износ од 106.989.143,00 денари, а расходите за истиот временски период изнесувале 109.054.775,00 денари. .Во овој период исплатени се побарувања по однос на претходни тужби во износ од 9.465.686,00 денари од кои кон доверителот Стентон градба ДОО Битола за мостот на улицата Трајко Николоски во износ од 6.621.686,00 денари, кон доверители вработени од ТППЕ-Прилеп, исплатени се 2.465.235,00 денари и исплатени штети кон граѓани по однос на каснувања од кучиња- скитници и исплати на штети по основ на неодржување на улици во зимски услови исплатени се 379.437,00 денари.

Јовчески во меѓувреме ги презентираше и реализираните активности важни за граѓаните на Прилеп.

На седница на Советот на општина Прилеп беше донесен буџетот за 2022-ра година во износ од 1.408.357.000,00 денари. Во овој буџет имаме предвидено три развојни програми и тоа: Реконструкција на ул. „Борка Талески“ во износ од 25.539.000,00 денари која претставува последен крак за реконструкција од плоштадот „Методија Андонов-Ченто“; Изградба на главен доводен цевковод во село Канатларци во износ од 11.637.000,00 денари; Доизградба на детска градинка во населба Точила во износ од 44.497.000,00 денари – рече Јовчески.

„Општинската зграда ја отворивме за сите граѓани, воведовме ден за „Средби на граѓаните со градоначалникот“, седниците на Советот досега беа од затворен тип, освен за акредитираните медиуми и гости. Од 29 декември минатата година седниците на Советот веќе се од отворен карактер, обезбеда е опрема за техничка реализација (пренос во живо на седниците). Се реактивираше работата на Економскиот совет, кој со сигурност ќе претставува еден вид симбиоза на нашето стопанство со општината и со јавниот сектор, чаршијата и со здруженијата на граѓани, за да се решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на Општината,„  посочи градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Како реализиран проекти од почетокот на годинава, Јовчески го посочи воведувањето на еднократнаta финансиска помош за секое новоредно дете. Според него, преку субвенционирање на семејствата со доделување еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семејствата со цел поттикнување на наталитетот за зголемување на природниот прираст во Општината.  За ова, во буџетот се предвидени средства во висина од 3.600.000 денари.„- рече тој

Во соработка со сите јавни комунални претпријатија и сите надлежни сектори од локалната самоуправа активно Јовчески ја посочи и работа на ЈКП каде главно се работело  на патната инфраструктура , водоводната и канализациската мрежа . Извршен е увид на бунарските постројки: Кишојца – Орушица, Бегова Ливада и Кошарка, со што е констатирано дека од вкупно 26 бунари, неколку не се во функција. Направена е спецификација за потребниот материјал, пристапено е кон негова набавка и ќе се изврши нивна санација. Општина Прилеп продолжи со реализација на проектот за „Реконструкција на главен довод од Пашоски ливади до собирна шахта за град Прилеп.  Досега се изведени 3040 метри од новиот цевковод.
Вкупно проектот изнесува 3840м.”
.

Што се оеднува до ЈКП КОмуналец тој нагласи дека најголемо внимание ЈКП „Комуналец“ во координација со локалната самоуправа посвети на чистењето дивите депонии. Исчистени се над 1.040 метри квадратни мешан комунален отпад и градежен шут од повеќе локалции. Јовчески вети транспарентност во работењето на локалната самооуправа.

Овие 100 денови се нормално само почеток, континуитетот на работа ќе го продолжиме и ќе го засилиме со исполнување на сите проекти кои ги ветивме пред прилепчани: инфраструктурни, за локален економски развој, од животната средина, во комуналната и водоводна мрежа, земјоделството, образованието, спортот, во културата, како и во социјалната и здравствената заштита. Во сите овие сфери имаме детално разработени и остварливи проекти кои плански и етапно ќе ги реализираме во текот на овој мандат. Лошиот терен кој што ни беше оставен од претходната власт, како и секојдневното соочување со здравствената и енергетската криза во која што се наоѓаме можеби малку ни ги отежна овие три месеци, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески при денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена од мандатот.

Воедно во првите сто дена во јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање  се работело на стабилизиран на работата и исплата на заостанати плати. А,од најавните проекти ќе сее работи на изградба на современ паркинг во центарот на градот, како и на проекти за монтажни катни гаражи во центарот на градот на неколку локации. Во фаза е пуштање на приградска линија за превоз на патници до населените места: Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол, два пати дневно – наутро и на пладне, со интенција во летниот период да биде и на вечер„ рече Јовчески при презентирањето на проектите кои се планирани и посочи дека отчетноста и транспарентноста на локална самоуправа  кон граѓанитеќе биде пракса во текот на целиот мандат „ затоа што локалната демократија е многу важна за функционирањето на една локална самоуправа. Создаваме нова иднина со промени и проекти и ветуваме дека Прилеп повторно ќе биде гордост на сите Прилепчани“, посочи тој
На денешниот Економски Совет беше разговарано и за влијанието на енергетската криза врз локалната економија и локалните институции.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: