CSS Template

Пачешкоски: За 10 дена издадени 4 600 „бели картони“ во Прилеп и Кривогаштани

814

Откупот на тутунот од ланската реколта, согласно законската регулатива, заврши на 15 март. Во преземањето на производството учествуваа вкупно 9 компании кои откупиле 25.250 тони тутун со просечна цена од 21,424 денари за килограм. Нема забелешки на текот на кампањата од страна на тутунарите.
–Ги правиме последните анализи, но факт е дека откупот помина на општо задоволство. Исплатата на родот е при крај. Досега на тутунарите им се исплатени близу 283 милијарди денари што е 97,57 проценти, вели директорот на Државниот земјоделски инспекторат, Благој Индов.

Воедно, во подрачните единица на Министерството во тек е обезбедување на „белите картони“ – евидентните листови, кои се предуслов за склучување на договори со компаниите. Од прилепската подрачна единица се очекува годинава да бидат издадени околу 12 илјади бели картони.
–За прилепско-долненскиот регион се издадени над 4.000 евидентни листови и уште скоро 600 во Општина Кривогаштани. Издавањето на листовите, последно годинава, е до крајот на март и се очекува од идната недела да се работи во две смени во Подрачната единица на Министерството, вели раководителот Зоран Пачешкоски.

Во Прилепскиот регион се откупени околу 13.000 тони тутун, па земјоделците очекуваат покрај редовната исплата за сработеното, државата да ги подмири субвенциите по класи по 80 денари за прва, 70 денари за откупен килограм втора класа и по 60 денари за трета и за другите класи. Во регионот на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени се очекува да се слеат околу 14 милиони евра. Но, новата тутунска сезона веќе е отпочната. Земјоделците започнаа со расадопроизводство.


Vivafarm