ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Веселото штркче“ долета во Радио Пела (ФОТО)

963

Весел џагор, смеа, песни и расположение денеска во редакцијата на Радио Пела. Децата од градинката „Весело штркче“ од Кривогаштани денеска ни беа во посета и ни донесоа многу радост. Дваесетина дечиња од двете групи при градинката, под водство на своите учителки и воспитувачки, се запознаа што значи радио станица, што е новинар, што е радио техничар и на каков начин работи еден медиум. Се слушнаа песнички и по некоја стихотворба, без трема сосема природно, како што само тоа децата го знаат.
Нам ни беше мило што како медиум бевме дел од посетите што градинката „Весело штркче“ ги прави за најмладите да се запознаат со најразлични професии и занаети. Искрено се надеваме дека некои од нив ќе бидат иднината на новинарството, зашто искрено – сите пројавија интерес јавно да кажат тоа што го научиле пред микрофонот, а и во разговорите при посетата.

Кратката и весела дружба со децата од градинката „Весело штркче“ е само поттик дека повеќе внимание треба да посветуваме на најмладите, зашто тие навистина тоа најмногу го заслужуваат и тоа со само една нивна насмевка!

Проследете ја галеријата од посетата:

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: