CSS Template

Пачешкоски: Земјоделците без посебни дозволи, да се јават на 192 за најавување на своето движење надвор од местото на живеење

2.148

За време на викендот и за време на полицискиот час, со оглед на дополните рестрикции за социјални контакти и движење за сите, за земјоделците ќе важат посебни правила. Нема никакви проблеми за земјоделците кои ги обавуваат редовните активности на територијата на град Прилеп, a се од градот, а истото важи и за жителите од селата, кои пак непречено можат да ги извршуваат своите работни задачи во атарите на селото каде што живеат.

– Сите земјоделци од Прилеп за извршување на своите земјоделски активности на територијата на градот немаат потреба од дозвола за движење во полициски час. Додека пак сите оние кои имаат потреба за движење, надвор од територијата на градот, водруги катастарски општини односно, во атарите на населените места, на пример од Прилеп треба да појдат во Коњари или во Штавица или во Мариово, за нив е потребно задолжителна дозвола, потенцираше Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на МЗШВ Прилеп.

Сите кои не успеаја да се стекнат со дозвола издадена преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, работна единица Прилеп,  за итни и неодложни работи, да го пријават своето движење на тел. број 192, каде земјоделците ќе го најават своето движење .

Потенцирам дека ваквото најавување на тел. број 192 е само на земјоделски активности и да не се злоупотребува ваквата можност, затоа што ќе има полициски пунктови на сите излези од градот, каде што земјоделците ќе треба да ја пријават својата насока и часовите на движење и повторно при враќање во градот да се пријават во полициските пунктови , рече Пачешкоски.

Ресорното министерство и Општина Прилеп на ваков начин им излегува во пресрет на барањата на земјоделците кои за време на засилените мерки во справување со пандемијата, сепак ќе мора да ги извршуваат неопходните работни задачи поврзани со расадопроизводство, сточарство и обработка на земјоделските површини на територија на општината.


semm
Vivafarm
Farma Dolneni