ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Збор – два со психологот Јован Велески за пандемијата: „Време е за созревање!“

2.900

Радио Пела:  Пандемијата на коронавирусот за жал не не одмина. Прилеп , по бројот на инфицирани, моментно,  е четврт град во Македонија. Поради генералното непочитување на мерките за изолација и физичките социјални дружења, Владата донесува постојано нови мерки за ограничување на движење, па дури, овој викенд и повеќе од 48 карантин за сите граѓани на Македонија.  Како ова ќе се одрази врз менталното здравје?! Ќе има ли кај граѓаните психички последици од изолацијата и од ограничувањата за движење?!

Јован Велески:  „Секако дека ограничувањето на движњето предизвикува немир. Но, само одговорен и зрел човек може да ги задржи своите импулси и нагони, да го контролира своето однесување и да прифати обврски кои се наменети за опшествено добро. Тоа не е така лесно, зошто создава лини фрустрации и конфликти на интереси. Со нив може да се справи само одговрна личност. Впрочем мерките се наменети за контрола на неодговорните и ние остатокот на општеството сме жртви баш поради нив. Ако во Скандинавија, Јапонија, Израел, Кореја ,Њу Зеланд им кажеш на граѓаните да седат дома ,тие тоа ќе го направат и без воведување на вонредна состојба. Кај нас, на Балканот е поинаков темперамент на луѓето.“

 

Радио Пела : Дали намалениот број средби со психијатри и психолози за лица кои се лечат ,ваквите вонредни ограничувања на движење  ќе остави последици врз нив , или имате  веќе он – лајн линии за комуникација?!

Јован Велески : Секако дека постои повулнерабилна, поранлива група на луѓе кои имаат психички проблеми и кои неможат да дадат адекватен одговор на стресот. Во овој момент Невропсихијатриските служби се организирани да ги задоволат потребите на овие граѓани, а да не ги изложат на ризик од инфекција од вирусот.

           

             Стресот го држи организмот во одбрамбен став,

 но и го исцрпува!

 

Радио Пела : Дали е зголемен процентот на случаи со психози, неврози, фобии во ова време на изолација поради моменталната пандемија?!

Јован Велески Во моментов не зголемен, зошто сите сме под стрес од егзистенцијална загрозеност.  

Стресот го држи организмот во одбрамбен став, но и го исцрпува. Последиците од овој корона стрес, ќе се видат после завршувањето на епидемијата, од каков вид се и со каква тежина. Еден прирачник од Кембриџ за Медицина ,психологија и здравје од 1998 упатува дека на појавата на заразан болест и предходи еден профил на ноншалантни , неодговорни, самобендисани лица, како и дека секоја заразна болест има своја посебна клиничка слика на психолошкиот профил

Радио Пела: : Дали  институциите презедоа доволно мерки за намалувањето на стресот со специфичните ограничувања на движењето и неодењето на работа?!

Јован Велески:  Секако дека се преземени доволно мерки за да се смали стравот и паниката од страна на кризниот штаб.  Пред се брифингот кој го прави Министерот е јавна визита со сите граѓани на Македонија. Ние тоа рутински го правиме секое утро во рамките на стручниот колегиум на болницата. Тука се дискутира за број на пациенти, епикризи, начин на лечење, последици од болест и за жал за егзитирани. Од друга страна Комората на Психолози на РМ и Клиниката за психијатрија отворија телефонски линии за да можат луѓето да комуницираат непосредно доколку имаат таква потреба од психолошки совет или подршка. Телефоните се јавно ојавени. Управата на нашата болница, Општата болница “Борка талески“-Прилеп сметаше дека во Прилеп нема потреба од таквов начин на работа, иако јас се ставив на располагање.

 

 

             Фабрикуваните информации ја зголемуваат напнатоста и нервозата. Локалните медиуми на ниво на задачата

 

Радио Пела: Како делуваат информациите кај популацијата? Дали лажните вести, фејк вестите, сензационалистичките наслови, честите т.н аналитичари и есперти на ТВ шират вознемиреност и зголемување на тензичноста и неврозите?!

 

Јован ВелескиПостојат многу ненамерно фабрикувани полу информации, преполни со егзибиционизам. Тоа е дел од ограничените способности на новинарите, операторите, но и како одговор на личниот стрес на професионалните новинари. Сведоци сме дека Министерот е бомбардиран со едни ,те, исти прашања кои му биле поставени од предходните денови, или со прашања од лична природа. Во вакви состојби, луѓето се спремни да реагираат на се со негативизам и критика, бидејќи се плашат, или незнаат да се смират и да се организираат во ваква ситуација. Тука спаѓаат и јавните медиуми.

Радио Пела: Добиваат ли граѓаните релевантни информации од медиумите? Колку локалните медиуми, пак, помагаат во намалување на стресот кај локалното население?!

Јован ВелескиМислам дека најслаба карика на справувањево со кризата се јавните медиуми.  Тие се најслабо организирани, бидејќи немаат готови програми за непредвидливи сценарија од овој тип, како што е седењето дома. Едноставно не можат да ги анимираат луѓето. Немаат чувство за нивните сегашни интереси и потреби, како и за начинот на кој ќе ја зголемат гледаност. За среќа, задоволен сум со креативноста на локалните инфопортали како што се локалните радија . Тука спаѓа и  Радио Пела и инфокомпасот на Дарко Штаргоски. Маркукуле малку ми одстапува од креативноста. Но, задоволен сум што ја “избркаа’ политиката од нивните страници..Но, не сум задоволен од одност на Локалната самоуправа према овие медиуми,  а исто така и од пратениците од Прилеп.  Тие бараат услуга од овие медиуми, портали и страници, но не се способни да ги организираат во структа , нити финансиски да ги поддржат.

                      Пандемијата – Време за созревање на младите  генераци!

Радио Пела : Како гледате на младата популација, сега?! Можат ли тие да го издржат овој притисок на изолација, намалена дружба, пиење на попладневно кафе во прилепските кафулиња,  вечерни дружби и забави ?!Што прават младите сега?!

 

Јован Велески Хмм ..тоа е добро прашање, но одговорот ќе те изненади. Младите сега созреваат, врват еден процес на иницијација кој ќе им го промени, стилот и начинот на живот. Звучи чудно, но тоа е еден стар ритуал кој постои од праисториските орди, кога младите се тестирале дали се способни да бидат рамноправни членови и да се борат за живот.  Созревањето на оваа генерација на млади на Планетава , па и кај нас оди во насока на нова адаптција да се преживее без последици и како.  Тоа ќе ги смени нивните навики и ништо нема да биде исто како порано.  Ќе се променат комуникациите, довербата, начинот на учење и работа, спосбноста за изолација ќе предизвика лавина на себичност и недоверливи рекации кон оние кој нема да ги почитуваат општествениот ред, но и повеќе ќе се цени личното здравје и слободата.

                            Животот е убав, ајде да се избориме за него.!

Радио Пела : Препораки за граѓаните!

Јован Велески : Препорака ми е граѓаните да примаат само официјални информации кои се изнесуваат на официјалниот брифинг од стручни , еминентни и стручни лица. Тоа се доктори кои учеле повеќе од 20 години медицина и стручно се специјализирала за одредена област. Нивниот збор има научна тежина. Би препорачал да не следат премногу информативни, дебатни и аналитички емиси. Тоа да го сведат на минимум , зошто од сето кажаното можат да го селектраат само она што тие сакаат да го слушнат. Тоа ќе им даде погрешна престава за општата состојба со пандемијата. На крајот од денот да направат свое резиме и нека се исклучат од натамошно следење. Нека се посветат на себе си, својето здравје и она што најдобро знаат да го работат во импровизирани услови..Трпение, спасение рекле старите. Животот е убав, ајде да се избориме за него.!

(Моментално, д-р Јован Велески ,псхиолог, не информира дека  работи само со своите апстиненти,  од клубот на лекувани алкохоличари , „Методија Николоски-Мец“, како единствен  терапевт на Клубот, но дава и по некоја неопходна потврда или психолошки наод и мислење. Тоа го прави од дома! Нека Ви послужи како пример –  Седете и Вие дома, и чувате го Вашето здравје и здравјето на другите!)

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе