ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Палачинки во Новаци во знак на одбележаување на францускиот празник “C Est La Chandeleur” (Сретение Господово)

Општина Новаци во соработка со Општина Коломбел

540

По повод францускиот празник “C Est La Chandeleur” или Сретение Господово, кој се празнува на почетокот на месец февруари, во ЦОУ „Славко Лумбарковски“ во Новаци, се одржа презентација на значењето на овој празник и дегустација на палачинки.
Се смета дека во V тиот век папата Геласиј Први го започнал Фестивалот на светлината како свечена парада со свеќи низ улиците на Рим. Герасиј го поврзал овој празник со палачинките делејќи солени палачинки на сиромашните верници . Tокму затоа палаќнките се едни од наважните работи кои се поврзуваат со овој празник.
„ Оваа работилница како и неколку други кои беа од историски аспект а се одржаа во основното училиште се поддржани од општина Новаци преку проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“ кој општина Новаци заедно со француската општина Коломбел го има аплицирано во Министерство за надворешни работи на Франција. Ова е еден многу ркеативен начин кој преку игра, забава, но и се разбира учење, децата да се запознаат со културата, традицијата и празнувањето на Франција.“ рече Љубе Кузманоки , градоначалник на општина Новаци.
Во рамките на имплементацијата на проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“ се реализираа неколку работилници и тоа :истражување и презентацијаза источниот фронт, квиз прашања за децата за научените лекции за источниот фронт, историска работилница за Денот Д и Битката за Нормандија, а на почетокот на месец март ќе се организира работилница за Месецот на Франкофонијата.
Меѓународната соработка помеѓу Новаци и Коломбел ќе продолжи понатаму со многубројни активности за 2017 /2018 година.
Станува збор за пагански и латински фестивал на свеќи кој подоцна станал религиозен а одговара на презентацијата на Христос во храмот. Овој празник се одбележува на втори февруари , 40 дена по Божик.Датумот всушност означува дека на овој ден Христос влегол во Храмот во Ерусалим. Пред да стане религиозен празник Сретение Господово имал корења од неколку пагански традиции што ја славеле плодностана земјата и почетокот на крајот на зимата.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе