ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прва средба на градоначалникот Јованоски со синдикалната организација на „Еурокомпозит “

904

Протестите на вработените во „Еурокомпозит“ продолжија, од како работниците од оваа компанија одлучија да не ги прифатат предлозите од последната средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев. Работничкиот марш со старт од пред фабриката, денеска заврши пред зградата на Општина Прилеп, а на барање на градоначалникот Илија Јованоски се оствари првата средба со претставници на синдикалната организација. На средбата работниците го информираа градоначалникот за состојбите во единствениот загубар во земјава Еурокомпозит и проблемите со кои вработените се соочуваат повеќе од 20 години. Стана збор и за последните ветувања од страна на високи владини претставници за надминување на отворените прашања – социјалниот статус на вработените и финансиски дубиози кои одат на товар на актуелното раководство.
– На денешниот состанок им ветив на претставниците на синдикалната организација, дека за случувањата во „Еурокомпозит“ ќе ги информирам сите надлежни институции, пред сѐ Министерството за економија, вицепремиерот Анѓушев и премиерот Заев. Решение за проблемот на вработените во „Еурокомпозит-11.Октомври“,мора да се најде – еднаш засекогаш. Премиерот Заев тоа им го вети и јас сум сигурен дека ќе го исполни ветувањето, порача градоначалникот Илија Јованоски.
Од синдикалната организација на фабриката за наменско производство „Еурокомпозит “, велат дека се свесни,оти нивниот проблем не е во надлежност на локалната самоуправа и градоначалникот Јованоски.
– Договоривме неколку работи. Го прифаќаме предлогот на Владата за решавање на проблемот во рок од 6 месеци, но бараме итно да ни бидат исплатени 2 плати за да почнеме да работиме. Нашето барање е доставено до вицепремиерот Анѓушев и до премиерот Заев, но очекуваме дека градоначалникот Јованоски ќе лобира кај надлежните институции и дека брзо ќе дојдеме до решение“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит “.
Социјалната положба на работниците од Еурокомпозит е неподнослива: неподмирени плати за 6 години, неисплатени придонеси за пензиско осигурување и нередовно подмирување на придонесите за здравстено осигурување на фирма која е целосно во државна сопственост и треба да служи за пример на останатите компании, наместо да се соочува со отворени прашања кои се во надлежност на државата. Напоредно, и актуелното раководство на фирмата е обвинето за финансиски злоупотреби за средства кои Владата наменски ги уплатила за репроматеријали, а наводно парите биле злоупотребени, за што синдикалната организација поднесе кривични пријави до Јавното обвинителство и МВР.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: