ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пет Владици ќе ја одржат богослужбата на денот на „Три Светители, патрониот празник на бакалскиот еснаф во Прилеп

70-сет децении бакалски еснаф во Прилеп

668

Понеделник,12-ти февруари, по повод православниот празник „Светите Три Светители„, патрониот празник на бакалскиот еснаф во Прилеп во соборниот храм „Св. Благовештение“, со почеток во 8,оо часот ќе започне света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија Г. Г. Стефан, Митрополитот Повардарски г.Агатангел, Владиката Климент, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, и Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј

Бакалите овој празник го слават повеќе од шест децении вели Стојан Петкоски,бакал кој повеќе од 30 години се бави со бакалскиот занает. Тој беше минатогодишен домаќин на славата на бакалите „ Ги повикуваме сите бакали во Прилеп, прилепско и кривгаштанско, во 8,оо ч., да присуствуваат на света литургија во црквата Св,Благовештение, со која ќе чиноначалствуваат петте владици ,заедно со Поглаварот на Македонската Православна Црква г.г Стефан,
Инаку , прилепскиот бакалски еснаф датираод од 50- те год на минаио век. Јас 30-ет години сум бакал и го сакам мојот бакалски занает.Во Прилеп има околу 400 самостојни бакали и преставува еден од најголемот еснаф. Ова што бев домаќин ми донесе благодет во семјсвото и ми преставуваше голема чест.- рече Петкоски

Годинашен домаќин ќе биде бакалот Петре Петрески. Јас сум бакал од 92 година.Ова е голема чест за мене да ја продолжа традицијата на бакалскиот еснаф.од,овој бакалски,трговски занает може да се живее добро Еснафот се почитува меѓусебно,а најважна е довербата меѓу трговец –купувач.Во името на балканскиот еснаф по повод денот на бакалите ги поканувам сие бакали на 25-ти февруари во црквата.Св.Петка во Ленитште на заедничка средба и ручек!“-повика Петрески

Бакалите ја пренесуваат трговската традиција во Прилеп долга со векови. Посебно празникот се прославува од 1954 година до денес. Прво се славел на 26 ноември. Порано потешко, поскришно се славел Денот на Бакалите, велат тие, а денеска е весело,обединето и завршува со заеднички ручек. Во ова во Прилеп преставува најмасовна прослава на еден еснаф. Во педесеттите години од минатиот век имало 25 бакали, денеска Прилеп брои повеќе од 300 трговци.

Инаку, светата православна црква на 12-ти февруари го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас се познати како три светители. Тие три светители се всушност, трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов. Бидејќи меѓу христијаните на Исток се појавиле расправии кој од нив е поголем, Црквата одлучила овој ден да им го посвети на тројцата светители,подеднакво.

Бакалски еснаф

Занаетчиите и трговците биле организирани во еснафи, кои ги штителе интересите на занаетчиите, трговците, но и на муштериите-купувачите. Еснафите биле јаки и многу влијателни организации. Самиот збор „еснаф“ е со арапско потекло и означува „здружување“.

Еснафот го сочинуваат занаетчии од еден занает. Меѓутоа, имало еснафи кои здружувале неколку сродни занаети. Кујунџиите, златарите и саатчиите сочинувале еден еснаф; казанџиите и калајџиите биле друг еснаф, ѕидарите, дограмаџиите (столари), ќерестенџиите (трговци со градежен материјал), ќерпиџиите, ќерамидџиите, бунарџиите, калдрмаџиите, сојулџиите (водоводџии) исто така сочинувале еден еснаф. Ковачкиот еснаф го сочинувале ковачите и клинчарите. Пушкарите, сабјарите и кожарите биле здружени во еден еснаф.

Еснафот го регулирал занаетчиското производство, го утврдувал бројот на работниците, траењето на работниот ден, дневниците и сл. Со развојот на капиталот и индустријата тој постепено почнал да ги губи своите права. Секој еснаф, покрај собранието кое го сочинувале сите мајстори, т.е. целиот еснаф, имал и своја управа – „лонџа“. Тие се свикувале обично на поголеми празници, особено на еснафската слава. Еснафите во својата работа се придржувале кон своите стари обичаи, кои со текот на времето станувале норми, кои иако не биле пишани, се пренесувале од колено на колено.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: