27 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Мирен протест во Прилеп против промена на уставното име

Македонското патриотско здружение Пере Тошев со седиште во Прилеп, вечерва одржа мирен протест. Според иницијаторите на собирот основната причина е несогласувањето со Законот за јазици, текот на преговорите со јужниот сосед и промена на уставното име, а основната цел е зачувување на унитарноста на Република Македонија. Организаторите на протестот бараат слобода за патриотите и уставобранителите. На овој мирен собир, кој се одржа пред камената бина на Плоштадот Александрија во Прилеп се обратија на присутните Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, професорката Виолета Ачкоска, Сотир Костов и Горан Стојаноски.

Како што беше истакнато на собирот, протестите организирани од патриотски здруженија ќе се селат од град во град, а се најавува голем отпор на Македонците во врска со преговорите за името на државата, можното преименување и губење на идентитетот. На вечерашниот мирен протест во Прилеп беше најавен голем собир кој ќе се одржи на 27 февруари во Скопје.

Би можело да ве интересира

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

Крушево го збогати својот шумски фонд со 12 000 садници

Со почит кон борците – херои Прилеп го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе