ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„Пивофест 2018“ – Прилеп е подготвен!

1.081

Неполни 3 седмици остануваат до почетокот на најновото издание на Пивофест 2018, а Прилеп е подготвен за претстојниот спектакл. По традиција, Пивофест 2018 ќе се одржува од 12 ти до 15 јули во центарот на Прилеп.
– За оваа манифестација, Советот на Општина Прилеп од општинскиот буџет оддвои 2.5 милиона денари. Како Општина, целосно сме подготвени за одржување на фестивалот на пивото. Надлежните служби вчера имаа координативен состанок, на кој ги синхронизираа активностите со цел да се обезбедат сите потребни аспекти: квалитетна храна, хигиена, инсталации за вода и струја за штандовите. Во тие денови, Територијалната противпожарната единица, Полициската станица, Итната медицинска помош, ќе бидат перманентно присутни 24 часа во текот на денот. ЈП ПУП ќе се грижи за паркирањето на возилата, кое наместо досегашните 100 денари, оваа година ќе биде 50 денари за еден ден“, истакна градоначалникот Јованоски.
Многу предизвици се пред новите организатори фирмата Eнтфинити кои напоменуваат дека во преден план е подигнување на еколошката свест и беспрекорната безбедност на оваа најголема забава на отворено на Балканот. Посетителите ќе можат да ги проследат настапите на познатите музички имиња од Македонија и од странство, меѓу кои и на Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, ди џеј Мозел, Ван Гог, Црвена Јабука, Кирил Џајковски, Милица Тодоровиќ.
– Како организатори, смисливме стратегија како би понудиле музичка програма од четврток до недела, за сите посетители од 7 до 77 години. Сметаме дека оваа програма е достојна за сите генерации, очекуваме голема посетеност и веруваме дека се’ ќе помине во најдобар ред. Имаме одлична соработка со општинските служби, засега се’ функционира според предвидениот план“, истакна Манасијески.
На располагање на компаниите им се 29 штандови, за чиј што закуп постои огромен интерес, бидејќи на неполн месец пред почетокот веќе се закупени повеќе од половината. Пивофест 2018 на посетителите ќе им понуди различни видови пиво и тоа покрај традиционалните Прилепско и Скопско, ќе бидат присутни Кожувчанка, Чешко пиво, Сараевско пиво и други пиварници.
И оваа година на Паркот на револуцијата ќе биде организирано кампување за посетителите од другите градови, за кои ќе бидат обезбедени топли напитоци и супа, а ЈКП „Комуналец“ ќе постави туш кабини. Центарот на Прилеп на вкупна површина од 4.176 м2 за „Пивофест 2018“и годинава 4 дена ќе биде на располагање на љубителите на забава, пиво и вкусна скара.

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе