ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПЛЕЈ-ОФ: КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ ТОЈ ЈА ОСВЈУВА ТИТУЛАТА – Младост 96 или Крива Палнака

Утре на спортските терени и фудбал

299

Денеска се одигра првиот меч од финалето на плеј-офот за добивање машки пингпонгарски шампион на Македонија. Во Крива Паланка домашниот тим со убедливи 4:1 го совлада Младост 96 од Прилеп, се уште актуелен шампион. Така, Крива Паланка поведе со 1:0 во добиени мечеви и и треба уште еден за да стигне до титулата. Утре (недела) во 11 часот е вториот меч во пингпонгарската сала до ДТВ Партизан во Прилеп. Доколку победи Крива Паланка, ја освојува титулата, ако пак утрешниот меч го добие Младост 96, ќе се игра и трет натпревар, следната недела во Крива Паланка.

На спортските терени утре и  фудбал 

Утре (недела) во 17,30 часот продолжуваат натпреварите од Третата фудбалска лига – Југ. Во рамките на 23. коло лидерот Вардар (53 бода) ме гостува на Бучин (15), додека вториот Превалец (48) оди кај Слога (26) во Лажани. Останати натпревари: Ново Црнилиште – Питу Гули, Големо Коњари – Обршани, Возарци – Марена, Динамо – Росоман (игралиште со вештачка трева во Прилеп).

Не е исклучено, кога ќе се добијат шесте тима, кандидати за трите места во Втората фудбалска лига, еден од бараж-мечевите да се одигра во Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: